top of page
Anchor 1

ВО ЗДРАВА ЗГРАДА - ЗДРАВИ ЛУЃЕ

ewscripps.brightspotcdn.com.jpg

Ковид-19 безбедно

Работиме по најстроги протоколи

за заштита на здравјето на нашите клиенти

и за запазување на хигиената во просториите!

Носиме заштитни маски со највисок степен на заштита, ракавици и заштитни навлаки за нозе за еднократна употреба и правиме редовна дезинфекција на инструментите, апаратите и опремата.

Акции, промотивни понуди, попусти
Byggexpert i Alingsås AB för ett bättre liv
Зимата е на праг!
Подготвени ли сте?

Време е да го подготвите имотот за зима!

Погрижете се за Вашиот имот пред доаѓањето на зимата, за да не страдате од високи трошоци за греење, ниска удобност и непотребна и скапи штети.

ОБЛАСТИ ВО КОИ МОЖЕМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ
Листа на нашите најкористени услуги

Детекција на протекувања од цевки 

Го одредуваме точното место и причината за протекувањето, од сите видови на пластични, метални или комбинирани цевни инталации, без разлика дали се вградени во бетонски, ѕидани или монтажни ѕидови, подови или плафони [...] ​

Детекција на протекувања од атмосферски врнежи и од подземни води

Ефикасна, точна и брза детекција на локација и причина за протекувања во објектите низ коси и рамни кровови, тераси, фасада, прозорци и врати, во подруми [...] ​

Инспекција за мувла и влага

Мувлата и влагата се многу чести појави во објектите и покрај лошиот изглед, имаат многу лошо влијание врз здравјето на луѓето, но и врз стабилноста и трајноста на објектите. ​Уште поопасни појави се скриените мувла и влага (под подовите, над плафонот, позади плакари, во ѕидови и сл.), бидејки прават огромни штети без знаење на корисниците. Правиме превентивни контроли со проценка на ризикот од појава на мувла или влага, но и инспекции за утврдување и отстранување на причините за веќе појавената мувла и влага. [...] 

Контрола при купопродажба на имот

Услуга, или поточно пакет на услуги кои се наменети за оние кои купуваат/продаваат имот. Добивате потврда за проодност и состојба на сите цевки, сифони, олуци и вентилациони канали, за ниво на ризик од појава на мувла и кондензација, за дихтување на прозорците и вратите, за постоење на скриена мувла и влага, за термичка изолираност [...]

Инспекција за провев, продор на загаден воздух, миризби, бактерии и инвазија на инсекти и штетници

Лошото дихтување на прозорците и вратите, несоодветната нивна монтажа, но и разните пукнатини и грешки во ѕидовите, подовите или покривот, се многу честа појава во објектите. Ваквите аномалии допринесуваат за непријатен провев и покрај затворените прозорци, продор на загаден и студен воздух од надвор, движење на миризби и бактерии низ одвоените делови на објектот, или влез на инсекти и глодари. Можеме да ги детектираме сите отвори низ кои се одвива трансфер на воздух, инсекти и глодари од надвор или помеѓу посебните единици и да препорачаме ефикасно решавање на проблемот. [...]

Инфрацрвена термографија

Инфрацрвената термографија е наједноставниот, најевтиниот и најбрзиот метод за енергетска инспекција на објектите. Се користи за проверка на топлинската изолираност на зградата, откривање на топлински мостови и откривање на истекување на воздухот, но и за брза детекција на многу невидливи проблеми во објектите [...]

Кост-бенефит анализа

Инвестирањето во енергетска ефикасност на еден објект има смисол само доколку покажува еконмска исплатливост. Во можност сме да направиме пресметки за исплатливоста на инвестирање во повисоки нивои на енергетска ефикасност, вклучително и за сстандардот Пасивна куќа. [...]

Детекција на скриени протекувања

Скриените протекувања во објектите предизвикуваат големи главоболки. Со помош на софицтицирана опрема можеме да ги идентификуваме причините и местата на протекување и да препорачаме начин на поправка и санирање на последиците [...]

Изработка на проект за Пасивна Куќа - енергетски пресметки

Енергетските пресметки за објекти со висока енергетска ефикасност бараат посебни знаење, искуство и темелност. Покрај сето тоа, ние поседуваме и сертификат за овластени дизајнери на Пасивна Куќа, издаден од Мегубародниот Институт за Пасивни Куќи во Дармштадт, Германија [...]

„Blower Door“ Тест и „Air Leakage“ Инспекција

Контролата и добивањето на мерлива вредност на воздухонепропустливоста на обвивката на еден објект е од големо значење за енергетската ефикасност, за удобноста и здравствените услови во објектот, но посебно за ефикасноста на системите за вентилација. [...]

architecture-2179177.jpg
ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА ДОБРЕДОЈДЕНА ЗА СЕКОГО

30 годишно искуство, современа технологија и совршени скандинавски процедури ставени во полза на решавање на проблемите и контрола на квалитетот на секоја градба.

Постоиме за Вас!

Протекувања
СПАС ОД ПРОТЕКУВАЊА
vdfvvd_edited.png

ОСЛОБОДИ СЕ ОД МУВЛАТА И ВЛАГАТА ЗАСЕКОГАШ

Мувлата и влагата се многу чести појави во објектите и покрај лошиот изглед, имаат многу лошо влијание врз здравјето на луѓето, но и врз стабилноста и трајноста на објектите. 

Уште поопасни појави се скриените мувла и влага (под подовите, над плафонот, позади плакари, во ѕидови и сл.), бидејки прават огромни штети без знаење на корисниците.

Правиме превентивни контроли со проценка на ризикот од појава на мувла или влага, но и инспекции за утврдување и отстранување на причините за веќе појавената мувла и влага. [...] 

Energieffektivitet
Energi.png
Energiprestanda Byggexpert i Alingsås AB
ЗДРАВЈЕТО Е НАЈВАЖНО

ПРОВЕВ, ПРОДОР НА СТУДЕН И ЗАГАДЕН ВОЗДУХ И ИНВАЗИЈА ОД ГЛОДАРИ И ИНСЕКТИ

Лошото дихтување на прозорците и вратите, несоодветната нивна монтажа, но и разните пукнатини и дупки во ѕидовите, подовите или кровот, се многу честа појава во објектите. Ваквите аномалии допринесуваат за непријатен провев и покрај затворените прозорци, продор на загаден и студен воздух од надвор, но и влегување на инсекти и штетници во објектот.

Правиме инспекции со кои ги лоцираме сите недостатоци од овој тип, точните места на продор на несакан воздух, дупки и пукнатини, и препорачуваме ефикасни методи за елиминирање на проблемите. [...]

590268-wind-curtain-window-748x561.jpg
Why-your-pee-smell-unusually-bad.jpg

ПРОДОР НА МИРИЗБИ, БАКТЕРИИ И ВИРУСИ

Продорот на воздух помеѓу посебните едници во еден објект (станови, хотелски соби, канцеларии, локали, болнички соби или слично), овозможува трансфер на непријатни миризби, но и опасност од продор на бактерии и вируси.

 

Можеме да ги детектираме сите отвори низ кои се одвива трансферот на воздух помеѓу посебните единици во еден објект и да препорачаме ефикасно решавање на проблемот. [...]

ЛЕКАР ЗА ЗГРАДИ

Лекарот за згради е експерт кој знае да изврши преглед, да ги дијагностицира проблемите и да препише вистински третман за објектите.

Се разбира, најдобриот начин e да се спречат проблемите, а тоа се постигнува со повремени систематски прегледи. Постојат рутини, опрема и лекови за сето ова, исто како и со луѓето.  [...]

Building-Inspection-Make-Sure-Your-Build
architecture-2179177.jpg
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СО ДОМАЌИНСКИ ПРИСТАП

Енергетската ефикасност е многу повеќе од „добра топлинска изолација“.

 

На нашите клиенти и овозможуваме финансиски, комфорни и здравствени бенефити, преку подобрувањето на енергетските перформанси на објектот.

Знаеме како и можеме!

Anchor 4

ЕНЕРГЕТСКИ ИНСПЕКЦИИ

Едно е да се направи енергетски ефикасен проект на хартија, а сосема друго да се спроведе тоа во текот на градбата. Инвеститорите плаќаат, но дали го добиваат тоа за што платиле?

Правиме низа на инспекции со кои се мери енергетската ефикасност на објектот:

  • Blower Door Test

  • Air Leakage Inspection

  • Мерење на U-вредноста на градежни елементи на лице место

  • Контрола на топлинска изолација​

  • Истраги и мерење на топлиски мостви

  • Мерење на енергетскиот стандард на објектот

  • Оценка на удобност (комфор) во објектот

Täthetsprovning och läckagesökning
Passivhus projektering _ Byggexpert i Al

ПАСИВНА КУЌА

Отсега натаму, енергетските стандарди „Пасивна куќа“ и „Нискоенергетска зграда“ ги правиме достапни за секого во Македонија. Ние можеме да ги направиме прифатливи за Вас највисоките нивои на енергетска ефикасност кај објектите [...]

ЕНЕРГЕТСКИ ПРЕСМЕТКИ

Енергетски елаборат за градежна дозвола, проект за енергетска ефикасност, студии за топлински мостови или пресметка на енергетските перформанси на зградата се само некои од услугите со кои можеме да ви помогнеме. Се разбира дека покрај пресметките, наша задача и одговорност е да најдеме технички решенија за сите Ваши барања. [...]

Energiberäkning _ Byggexpert i Alingsås
Meeting

СТРУЧНА ПОМОШ

Консултациите со нашите експерти се секогаш добредојдени за секого. Без разлика дали сте сопственик на имот, инвеститор, архитект, градежник или експерт за енергетска ефикасност, многу е значајно да добиете добар совет што ќе ве направи среќен.. [...]

Anchor 2
ВО ЗДРАВА ЗГРАДА - ЗДРАВИ ЛУЃЕ

Исто како и луѓето, зградите се раѓаат, живеат и потребна им е нега. Тие можат да се разболат, можат да бидат стари и изнемоштени, па дури можат и да се повредат. „Здравите згради“ создаваат и одржуваат здрави луѓе, додека зградите со проблеми, со протекувања, мувла, влага, провев, миризби и високи сметки за загревање и ладење, сериозно го загрозуваат здравјето и животот на корисниците.


Byggexpert Macedonia се грижи секој објект да се роди здрав и силен, да има долг и безбеден живот и сите тие благодети, удобности и бериќет да се пренесат на неговите корисници.


Ние умееме да ги прегледаме, можеме да им ги дијагностицираме проблемите и подготвени сме да препишеме третман за лекување на градежните објекти. Се разбира дека подобро е кога проблемите се превенираат преку правилна градба, грижлива нега, како и со повремени систематски прегледи. Ние и во тоа можеме да помогнеме. За сето ова, располагаме со знаење, опрема и мерни инструменти, а работиме според скандинавски прецизно воспоставени рутини и препишуваме ефикасни „лекови“, исто онака како што тоа добрите доктори го прават со своите пациенти.


Лиценцирани сме и сертифицирани за сите постапки кои ги работиме, а активностите се во согласност со EN-стандардите. Секоја наша активност завршува со извештај за направените мерења и проверки, со добиените резултати и дијагнози и со експертска препорака за решавање на евентуално дијагностицираните недостатоци. Дијагностичките и мерните методи, како и опремата, апаратите и метеријалите кои ги користиме во нашето работење, не се деструктивни и немаат никакво влијание врз зградите, луѓето, животните или опремата во нив.


Добредојдовте во нашиот полезен свет на наука, напредок и иновативност, во интерес на заедничка здрава и одржлива животна околина. Само здравите и безбедни згради можат да бидат Вашиот вистински дом, Вашето сигурно работно место и средина во која ќе бидете безбедни, здрави и среќни.


Ние си ја сакаме работата, а нашите клиенти не сакаат нас. И така веќе 30 години.

Ge logo1.png

ЗА САМООДРЖЛИВИ

И ЗДРАВИ ГРАДБИ

skopje-4718496.jpg
Бидете во тек!

Дознавајте ги тековно сите новитети со претплата на нашиот билтен

Ви благодариме за испратеното барање

© 2020 by Byggexpert Macedonia
bottom of page