ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Пресметките на енергетските потреби на објектите се дел одпотребната докуентација за добивање на одобрение за градба, за технички прием, употребна дозвола или за добивање на банкарски кредити.
Пресметката на енергетскиот биланс треба да покаже дека објектот кој го градите или реновирате ги исполнува условите за потрошувачка на енергија согласно регулативите за градење. Пресметаните вредности ја претставуваат очекуваната потрошувачка на енергија.
Нашите енергетски пресметки се во согласност со барањата и регулативите, па ќе ги избегнете недоразбирањата со општината кога аплицирате за одобрение за градба!
Енергетски пресметки за одобрение за градба
Без оглед дали аплицирате за одобрение за пренамена, доградба, надградба или нова градба, нема да имате недоразбирања со општината затоа што нашите енергетски пресметки ги следат барањата и и се во согласност со регулативите.
За енергетските пресметки користиме лиценциран софтвер.
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:
Рокови
Рокови
Времето потребно за да се заврши проектот е 7 дена. Но, доколку ви е итно, можеме да го испорачаме во итна постапка, во рок од 24 часа!
Содржина на проектот
Содржина на проектот
Пресметани вредности на: енергетски потреби за греење и ладење, Топлинско оптоварување, ПЕР снабдување со топлина, PE снабдување со топлина и U-вредности на елементите од топлинската обвивка.
Споредба на добиените резултати со енергетските критериуми согласно регулативата.
| Види пример |
Достапност на услугата
Достапност на услугата
Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.
Изработуваме енергетски пресметки за: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, за пренамена, доградби, надградби и нови градби.
Цени од 3 500 денари
Цени од 3 500 денари
Цените се базираат на површината на објектот.
За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.
За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и станбени згради побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.
Ако услугата вклучува посета на локацијата за градба, наплаќаме дополнителни трошоци:
-
Времето поминато во пат (се наплаќа стандардна цена за работен час);
-
Транспортни трошоци. Наплаќаме по 20 ден./км.
ЦЕНОВНА ЛИСТА
ЕНЕРГЕТСКИ ПРЕСМЕТКИ СОГЛАСНО ПРОПИСИТЕ
ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
Цените се базираат нa површината на објектот.
Површина
kvm
цена во денари
во стандарден рок
за 1 работен ден
0 - 50
3 500
4 600
51 -100
4 400
5 800
101 - 200
5 300
6 900
201 - 300
6 200
8 100
над 300
...
побарај понуда
За објект со подрум или сутерен, наплатуваме дополнително 900 денари.
За деловни и станбени згради побарајте понуда.
Неопходно е да ни се достават информации / документација
Неопходно е да ни се достават информации / документација
Документацијата и информациите според списокот за проверка може да се испратат преку електронска пошта на: byggexpert@telia.com
Зошто да не ангажирате токму нас?
Имаме долгогодишно искуство и знаеме многу за термодинамиката, енергетските пресметки и енергетските перформанси на зградите.
Термодинамиката е тешка наука, но заедно со градежната физика, тие се многу важни и го прават нашиот живот подобар. Затоа ги правиме достапни и корисни за вас. Се разбира, наша задача и одговорност е да најдеме технички решенија за сите ваши барања.
Како работиме?
СЕГА ВЕЌЕ Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА НЕ АНГАЖИРАТЕ
Енергетски баланс во зградите
За да се одржи постојана внатрешна температура, задолжително е да се одржува енергетски баланс на зградата. Ова значи дека во текот на ладните периоди загубите на енергија мора да се надополнат со енергетски придобивки од телата на луѓето и домашните миленици, од апаратите, но и од дополнителни топлински извори. Затоа, за да се намалат трошоците за греење, загубите на енергија треба да се минимизираат . Ова е поедноставена слика за природните процеси, но е сосема доволно за Вас.
Останатото е наша работа.
Различни корисни енергетски пресметки кои можеме да ги направиме за Вас
Напредна енергетска анализа на зградите
Напредна енергетска анализа на зградите
Без разлика дали станува збор за нова, постоечка зграда, па дури и многу стара зграда! Не е важно дали е во фаза на проектирање или во фаза на градба...
Ние правиме целосни студии, проекти, пресметки, избор на материјали и системи, соработуваме и се синхронизираме со проектантите од сите фази, со градителите, и секако со нашите клиенти. Ние ќе ги осмислиме и дизајнираме сите детали кои се важни за енергетските перформанси на зградите и сето ова за да се постигне нивото на енергетска ефикасност што го барате.
Првиот, но најголем чекор за намалување на трошоците, зголемување на удобноста и подобрување на вашето здравје во зградите, е да достигнете што е можно повисока енергетска ефикасност на зградата.
Имаме долгогодишно искуство и знаеме многу за термодинамиката, енергетските пресметки и енергетските перформанси. Можеме да направиме проекти и пресметки за специјални барања, како што се нискоенергетски згради, пасивни куќи, нула куќи или енергетски самоодржливи згради.
Пресметка на U-вредности на зградните елементи
Пресметка на U-вредности на зградните елементи
Протокот на топлина низ елементите, познат како U-вредност, претаставува количник помеѓу термалниот флукс на елементот (кој може да биде составен од еден материјал или од неколку компоненти) и разликата во температурата во тој елемент. Единицата мерка е [W/(m²K)]. Колку е подобро изолиран елементот, толку е помала U-вредноста.
Ви звучи ли тешко и комплицирано? Без грижа. Ние можеме да направиме пресметки за Вас, поединечно за кој елемент сакате, или за сите елементи. Одлучете и контактирајте не.
За да се пресметаат загубите на енергија во еден објект, потребни се U-вредностите за сите елементи од топлинската обвивка. Исто така, при обнова на фасадата, многу е важно да се знае колку изолација треба да додадете.
Пресметки за избор на идеален систем за греење
Пресметки за избор на идеален систем за греење
Пресметката на енергетскиот биланс покажува кој систем за греење е совршен за вашиот имот. Енергетските критериуми се повеќе се затегнуваат во последните години, со цел да се намалат на емисиите на СО2 во секторот за домување. Критериумите варираат во зависност од локацијата и системот за греење кој се користи.
За да се исполнат денешните критериуми за енергетски ефикасна зграда, топлинската изолација мора да биде соодветно искомбинирана со енергетски ефикасен систем за греење. Ние ќе ви помогнеме во тоа.
Енергетска анализа за намалување на трошоците за греење и ладење
Енергетска анализа за намалување на трошоците за греење и ладење
Трошоците за греење и ладење на објектот најчесто се доминантна ставка во Вашата потрошувачка листа. Сте размислиле ли некогаш за можноста тие да се намалат, со економски исплатливо вложување? Анализите покажуваат дека секој вложен денар во намалување на енергетските загуби во објектот се враќа во рок од 3 до 7 години, а потоа се таложи добивка.
Ние знаеме и можеме да Ви помогнеме да ги намалите трошоците за греење иладење, во економски исплатлива величина, а при тоа во голема мерка ќе се зголеми удобноста во објектот.
Анализа на прозорци и застаклени површини
Анализа на прозорци и застаклени површини
Секој знае дека прозорците се фасадни делови кои се полошо топлински изолирани од ѕидовите. Но, оние кои подобро ја владеат оваа проблематика знаат дека постои едно многу интересно својство на стаклото, наречено соларен фактор.
Поконкретно, тоа е способноста на стаклото да ја пропушта сончевата светлина, која пак ги загрева подовите и работите што ги достигнува. Така се добива бесплатно греење.
Ова значи дека соодветните димензии на прозорците, нивната правилна ориентација, како и правилниот избор на рамката, придонесуваат за големо намалување на трошоците за греење. И обратно. Несоодветниот избор доведува до високи трошоци за греење и ниска удобност, а во текот на летната сезона може да придонесе за прегревање на зградата и високи трошоци за ладење.
Проблемот е во тоа што колку е поголема топлинската изолациона моќ на стаклото, толку е помала пропустливоста на сончевата светлина и обратно. Значи, трикот е да се балансира со овие карактеристики, во зависност од ориентацијата на вашиот објект и на прозорците. Заклучок, не играјте си со прозорците. Јавете ни се да Ви помогнеме
Без разлика дали вашиот објект е во фаза на проект, во тек на изградба или сакате само да ги смените старите прозорци со нови, ние ви стоиме на располагање. Направете вистински избор.
За вас ќе ги пресметаме загубите на енергија и енергетските добивки преку стаклата и рамките, па така ќе го препорачаме вистинскиот избор за Вас.
Студија за топлински мостови
Студија за топлински мостови
За да ги разберете топлинските мостови, замислете ги како широки брзи автопати, преку кои парите и здравјето ве напуштаат со голема брзина.
Топлинските мостови се места во топлинската обвивка на зградата каде што се забележува зголемен протокот на топлинска енергија. Како резултат на тоа температурата на внатрешната површина кај топлинските мостови е многу пониска отколку на останатите внатрешни површини.
Првиот и најважен чекор во борбата против топлинските мостови, е да ги разберете и да знаете како да ги пресметате загубите на енергија преку нив. Звучи како невозможна мисија, зарем не? Но не очајувајте, не имате нас. Ви го ставаме на располагање нашето знаење за да ви помогнеме во студените мостови.
Елиминирањето на топлинските мостови е многу важно, бидејќи тие предизвикуваат големи загуби на енергија, тие влијаат на намалувањето на удобноста, но исто така можат да предизвикаат кондензација и мувла. Најлесен начин да се ослободите од нив е во фазата кога ја дизајнирате зградата, но исто така може да се направи кога зградата е во изградба или во употреба. Јавете ни се, ние се справуваме со ладни мостови.
Дали топлинската изолација ги задоволува регулативите?
Дали топлинската изолација ги задоволува регулативите?
Сте се запрашале ли дали вашиот имот е доволно топлински изолиран и ако не е, колку изолација недостасува?
Доколку планирате да ја обновите фасадата, ако се сомневате во квалитетот и количината на топлинската изолација или можеби сте само љубопитни, Вие сте на вистинското место. Побарајте не за да Ви помогнеме.
Пресметка на површини на елементите од топлинската обвивка
Пресметка на површини
Првиот чекор во сите пресметки поврзани со енергетската ефикасност на зградите, е да се пресмета површината на топлинаката обвивка на објектот и површините на одделните елементи што ја сочинуваат.
Точноста на овие пресметки е клучна за точните резултати од пресметките на енергетскиот биланс и постојат правила и регулативи како тие се пресметаат.
Доколку Ви треба, можеме да ги направиме следните пресметки на површини (поодделно или сите), според регулативите:
-
Вкупно греена површина;
-
Површините на спратови, тавани и подруми, со контролирана од температура и предвидени за греење на повеќе од 10 ºC, во топлинската обвивка;
-
Површина кон земја;
-
Површини на градежни елементи кон други греени простории, надвор од топлинската обвивка;
-
Површини на прозорци, врати, и слично;
-
Површина на влезна врата;
-
Површини на градежни елементи кон други негреени простории, надвор од топлинската обвивка;
-
Површина на термална обвивка;
-
Специфична површина на термална обвивка..
Засенчување на објектот, ефекти врз енергетскиот биланс
Засенчување на објектот,
ефекти врз енергетскиот биланс
Се нарекува засенчување или засенчување на згради, но всушност она што е важно за енергетската ефикасност е засенувањето на прозорците. Во текот на зимската сезона сонцето доставува многу корисна топлина преку прозорците, додека во текот на летото сонцето може да предизвика прегревање во зградата.
Со оглед на тоа што азимутот на сонцето на хоризонтот не е ист во лето и во зима, а во директна врска со локацијата и ориентацијата на зградата, може да се применат голем број на мерки кои само во текот на летната сезона ќе ги засенчуваат прозорците, додека во текот на зимата нема да му пречат на сонцето да достави бесплатно загревање.
Исто така, околу секој објект постојат други објекти, ридови, дрвја итн., кои фрлаат сенки врз зградата и нејзините прозорци, во директна зависност од нивната поставеност, оддалеченост и димензии. Од друга страна, сонцето константно ја менува својата положба и сето тоа создава многу сложен систем за пресметување на енергетскае добивки од сончевите зраци во зима, како и влијанието на сонцето во текот на летото.
Анализата на засенчувањето на објектите е многу важен сегмент за пресметување на енергетскиот биланс и за постигнување на саканата енергетската ефикасност на зградата, но исто така е неопходен чекор пред да се избере типот на прозореци.
Енергетски загуби предизвикани од провев
Енергетски загуби предизвикани од провев
Истекувањето на воздухот од зградата (провев) не треба да се меша или поистоветува со вентилација.
Истекувањето на воздухот е неконтролиран и ненамерен процес (поради лош дизајн, градба или одржување) и предизвикува проблеми како што се провев, продор на миризби, загаден воздух, инвазии од инсекти на штетници, како и огромни загуби на енергија. Спротивно на тоа, вентилацијата е контролирана промена на воздухот, преку која се дистрибуира топлина или студ, се отстрануваат мирисите, прашината и други загадувачи.
Најразличните пукнатини и несовршености при изградбата, без разлика на нивните димензии (често пати невидливи за око), овозможуваат неконтролирана циркулација на воздухот низ обвивкаата. Неконтролираното истекување на воздухот не може да ја замени вентилацијата, па така дури и снабдувањето со свеж воздух преку разни отвори или вентилатори, па дури и отворањето на прозорци не може да се нарече вентилација. Тоа се класични примери за огромни загуби на енергија. На пример, енергетските загуби како резултат на несаканото и неконтролирано истекување на воздухот, кога сите прозорци и врати се затворени, можат да достигнат и до 40% од вкупните загуби на енергија од објектот, а можат и сериозно да ја нарушат функцијата на системот за вентилација (каде што е постои).
Од друга страна пак, и премногу затнатите згради допринесуваат за појава на мувла, за големи количини на влага и на јаглерод диоксид во воздухот, кои пак влијаат многу штетно врз здравјето на луѓето и милениците.
Кај зградите кои вклучуваат системи за вентилација, воздухонепропустливоста на обвивката и дихтувањето на прозорците мора да бидат идеални, за да може правилно да функционира системот за вентилација. Во спротивно трошоците ќе бидат огромни, а дефектите во системот многу чести. Го препозавте ли овој проблем во вашиот објект?
Се ова покажува дека со херметичноста мора да работат стручни лица, со цел да се дојде потребниот резултат и препорачаната вредност за соодветниот тип на објект.
Пресметката на загубите на енергија од истекување на воздухот, како и постигнувањето на точно потребната воздухонепропустливост, се двата многу важни фактори за постигнување на реална енергетска ефикасност, но и клучни за намалување на трошоците за греење и зголемување на удобноста. Побарајте не.
Ефект на оџак (chimney effect)
Загуби на енергија преку т.н. ефект на оџак
(chimney effect)
Дефинитивно ова е најмалку позната појава за јавноста, па дури и за експертите, доколку енергетската ефикасност или противпожарна заштита не се во фокусот на нивниот интерес. Ова е феномен предизвикан од големи разлики во притисокот помеѓу ниското и високото ниво на зградата и лошата воздухонепропусност на обвивката, што предизвикува ефект на оџак. На овој начин, студениот и загаден воздух се вовлекува во ниските делови, а загреаниот воздух излегува од повисоките делови на зградата. Енергетските загуби можат да бидат огромни. Овој ефект се јавува кај сите видови згради, но најизразен е кај висококатниците и објектите со голема зафатнина. Ефектот на оџак е основна причина за брзо вертикално ширење на пожар во објектите
Сè што е кажано за протекувањето на воздух (провев) во објектите, важи и за овој проблем. Разликата е во тоа што за високите и големите објекти потребени се дополнителна внимателност и професионален пристап за да се намали ефектот или да се избегне овој феномен.
Пресметка на енергетските добивки (бесплатна енергија)
Пресметка на енергетските добивки
(бесплатна енергија)
Енергетските добивки во објектите се многу важен сегмент од енергетска ефикасност. Тие претставуваат бесплатна енергија и затоа треба да се искористат што е можно повеќе. Со правилен пристап во проектирањето и добри технички решенија, можеме да ги зголемиме придобивките од бесплатните извори на енергија.
Енергетските добивки претставуваат збир на топлина што ја зрачат луѓето, домашните миленици, апаратите за домаќинство, топлата санитарна и сонцето како најдоминантен извор на бесплатна енергија.
Врз енергетските добивки од сончевото зрачење влијаат правилниот дизајн на објектот, димензиите, ориентацијата и правилниот избор на прозорци, стакло и внатрешни материјали. Единствениот правилен метод постигнување на саканата енергетска ефикасност е точната пресметка на количините на енергија од сите бесплатни извори, за да се дизајнира ефикасен систем за греење кој ќе троши минимална енергија. Да, во текот на летото тоа може да биде проблем, но науката има решение и за тоа.
Можеме да ги направиме сите пресметки и комплетни студии за добивка на енергија според најновите рутини за енергетска ефикасност и можеме да спречиме прегревање во текот на летото.