ЗА КОМПАНИЈАТА
Живееме во период кога сите зборуваат за намалување на загадувањата, глобалното затоплување, енергетската ефикасност, самоодржливост, удобност, долготрајност на објектите и здраво опкружување, но сè уште постојат многу непознати и многу заблуди поврзани со овие теми. Ова се причините зошто објектите имаат многу пропусти и дефекти, трошоците за греење и одржување се високи, удобноста и здравствените услови во објектите не се на посакуваното ниво, а емисијата на стакленички гасови од користењето на објектите е се уште огромна.
Новите материјали и иновативните технологии овозможуваат квалитетни градби, ниски трошоци за греење, здрави услови и голема удобност во зградите, ефикасни методи за избегнување, откривање и отстранување на дефектите, како и за зачувување на околината. Без разлика дали Вашиот објект е сè уште само идеја или е во фаза на изградба, без разлика дали е постоечка или стара зграда, без оглед која е намената, големината и од каков материјал е направен објектот, ние можеме да Ви помогнеме. Ние можеме да сториме се што Ви треба.
Ги користиме најновите технологии, ги имаме сите можни знаења и имаме искуство со енергетските перформанси на зградата, но можеме и да дијагностицираме и да елиминираме голем број на проблеми. Ние особено се грижиме да обезбедиме висока удобност, здрави услови во зградите и намалување на загадувањето на околината, бидејќи сето ова е крајната цел што е важна за секое човечко суштество. Зарем не?
Целото знаење, искуство и напредна технологија со кои располагаме, ги користиме во Ваша полза.
Политика за квалитет
Нашите клиенти мора секогаш да добиваат врвни услуги со постојан квалитет, во согласност со нивните очекувања и потреби, но и во согласност со законските регулативи.
Byggexpert Macedonia има за цел да доминира на градежниот пазар, со посебен акцент на највисоките нивои на енергетска ефикасност на зградите и градежната дијагностика. Оваа цел ја постигнуваме преку надминување на очекувањата на клиентите и преку одржување на највисоко ниво на стручност.
Затоа, најголемата обврска на раководството и на секој вработен е да го одржуваат и подобруваат системот за управување со квалитетот, кој се заснова на барањата на клиентите и измереното задоволство.
Нашите вработени се наше богатство и затоа внимаваме на работното опкружување и создаваме силен тимски дух.
Исто така, за Byggexpert Macedonia е исклучително важно да изгради силна меѓусебна доверба со клиентите и добавувачите, и затоа многу инвестираме во создавање на наша одржлива заедница, каде што сите вработени, партнери и клиенти се дел од неа.
Нашите вредности
Byggexpert Macedonia има за цел да доминира на градежниот пазар, со посебен акцент на највисоките нивои на енергетска ефикасност на зградите и градежната дијагностика, па затоа мораме да се придржуваме кон своите политики за квалитет и за заштита на животната средина.
За остварување на тие цели се потпираме на следниве основни вредности:
-
Постојаната обука и надградбата на вештините на нашите вработени ни даваат самодоверба дека можеме да се справиме со сите задачи.
-
Посветеноста и тимскиот дух се клучот за исполнување на очекувањата на клиентите.
-
Планетата Земја е нашиот единствен дом - мора да се однесуваме грижливо кон неа.
-
Градбата е во наша крв, затоа својата работа ја работиме со љубов и радост.
Политика за животна средина
Со оваа политика за животна средина, ние сакаме да ги поставиме темелите за одржлив развој и еколошка адаптација на Byggexpert Macedonia. Еколошката политика е дел од одговорноста на управата да развива, спроведува и одржува систем за управување со животната средина.
Ние континуирано го подигнуваме нивото на знаење и ја мотивираме посветеноста на вработените кон еколошките проблеми.
Заедницата на Byggexpert Македонија, вклучувајки ги во тоа и клиентите, партнерите и добавувачите, ја става заштитата на животната средина како нејзин најголем приоритет. Со цел оваа заложба да резултира со најмалку можни ефекти врз здравјето на луѓето и врз животната средина, без при тоа да ја жртвуваме нашата ефикасност, ние ја елиминираме или минимизираме употребата на ограничените ресурси за време на нашето работење, ја елиминираме или ја намалуваме употребата на неразградливите вештачки производи, а на членовите на нашата заедница им е даден пристап до сите информации и обуки потребни за еколошка работа на компанијата и за намалување на еколошките проблеми воопшто.
Не ја наследивме планетата од нашите дедовци,
туку само ја позајмуваме од нашите внуци.
Троши помалку енергија,
штеди пари и сакај ја планетата земја.
Поплаки и пофалби
Доколку имате некакви забелешки кон работата на Byggexpert Macedonija, контактирајте не веднаш со поплака или едноставно кажете ни го вашиот став, за да можеме навремено да ги согледаме своите грешки. Со тоа ќе ни помогнете да спречиме повторување на истата грешка и ќе ни дадете можност да ја извршуваме нашата работа уште подобро.
Но исто така и пофалете не, ако добро ја завршивме нашата работа.
Можете да контактирате со нас преку телефон, е-пошта, Facebook, или Instagram. Внимателно ги разгледуваме сите поплаки, забелешки и коментари кои доаѓаат од клиентите.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА
НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Превземете ја нашата политика за управување со лични податоци
Byggexpert Macedonia ја почитува Вашата лична приватност и Ви овозможува контрола врз начинот на обработка на Вашите лични податоци. Ние ќе ве информираме кои податоци ги собираме и зошто се случува ова. Нашата политика за приватност опишува какви лични податоци собираме, за какви цели се собираат, на кој начин можете да имате контрола над вашите лични податоци и како можете да контактирате со нас во врска со обработката на личните податоци. Byggexpert Macedonia дејствува во согласност со овие услови и е одговорен за постапување во согласност со тековното законодавство на РМ и во согласност со нјновите услови за заштита на податоците, GDPR.
Нашите правила и услови ќе Ве упатат како можете да ги користите услугите и кои се условите за користење на услугите од Byggexpert Macedonia. Тука меѓу другото, ќе можете да прочитате сè што е поврзано со Вашите фактури, да се запознаете со нашите правила, да видите што се случува доколку нешто згрешиме при нашето работење, како се справуваме со Вашите лични податоци итн.