
PASSIVE HOUSE STANDARD
ПРВИОТ И НАЈГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ЕНЕРГЕТСКИ САМООДРЖЛИВ ОБЈЕКТ
Можеби Ви изгледа комплицирано да се изгради објект со стандард Passive House, или пак Ви звучи невозможно да се постигне овој стандард кај старите згради, но ние можеме да го направиме тоа брзо, ефикасно и ефтино. Секако, и за постоечки и за стари објекти.
Скоро секој објект може да бидe „пасивна куќа“ или „нискоенергетска зграда“, а доколку ве интересираа да дознаете нешто повеќе за овие енергетски стандарди одете на овој линк.
Без оглед на намената на зградата, од каков материјал е направена, без разлика на голмината и дали е постоечка, стара, во фаза на проект или е во изградба, може да се постигнат енергетските стандарди Passive House или Low Energy Building.
Објектите со високи нивои на енергетска ефикасност обезбедуваат нискi трошоци, највисоко ниво на удобност и секако, спас за планетата.
Ние сме сертифицирани за проектирање и изградба на Пасивни Куќи:

Дали отсекогаш сте сакале да имате енергетски самоодржлив објект?
Или можеби сакате вашата деловна зграда да биде високо енергетски ефикасна?
Ние можеме да Ви помогнеме
во остварување на сонот за самоодржлива недвижност преку:
Проектирање на објекти со стандард Passive House
Доброто планирање, точните пресметки и изборот на вистиски материјали се основните постулати за постигнување високо ниво на енергетска ефикасност.
Соработката помеѓу сите учесници во планирањето, проектирањето и изградбата на објектот е исто така многу важно. Изготвуваме проекти за нови објекти, но и за адаптација на постоечки, па дури и за стари објекти. Исто така, без разлика дали зградата е во фаза на проект или во фаза на изградба, од нас можете да добиете комплетен проект за енергетска ефикасност на зградата за да ги постигнете овие стандарди. Овој проект вклучува пресметки во софтверскиот пакет PHPP, анализа и пресметки на топлински мостови, карактеристични детали и соработка со другите проектанти за избор на решенија, материјали и системи. Ги добивате сите цртежи и пресметки поврзани со енергетскиот биланс на објектот.


Енергетски пресметки во програмскиот пакет PHPP
Сметате дека доволно знаете за енергетската ефикасност и дека Ви требаат само пресметките во софтверскиот пакет PHPP?
Во ред, можете тоа да го добиете од нас. Ќе ви доставиме прашалник со потребните влезни податоци, Вие го пополнувате и ние ќе пресметаме за Вас. Ќе си ја завршиме својата работа беспрекорно.

Инспекции и мерења
Со цел да се постигне посакуваното ниво на енергетска ефикасност, особено ако објектот треба да се сертифицира како пасивна куќа, многу е важно да се извршат соодветни мерења и проверки, за време на изградбата и по завршувањето.

Air Leakage Inspection
Доколку Blower Door Test-от покаже незадоволителни резултати, потребно е да се најдат местата низ кои истекува воздухот и да се поправат.

Blower Door Test
Еден од критериумите за сертифицирање на „пасивна куќа“ е нивото на херметизираност на обвивката (n50). Ограничено е на 0,6 h-1 (1 h-1) и мерењето е задолжително.

Мерење на топлински флукс
Честопати е потребно да се измери протокот на топлина за различни елементи од „пасивната куќа“, на самото место.
Сертификација на Pasive House и Low Energy Building
Можеме да спроведеме процес на сертификавија. Сертификатот го издава Институтот за пасивни куќи од Дармштадт, Германија (PHI), по извршени сеопфатни контроли и мерења во сите фази од проектирањето и изградбата.
Сертификатот претставува печат за квалитет, но и гаранција дека зградата ги исполнува високите енергетски перформанси и нивото на удобност на стандардите „пасивна куќа“.
На пример, за да може објектот да биде сертифициран како пасивна куќа, мора да ги исполнува следниве главни критериуми:
:
-
Потребна енергија за греење max. 15 kWh/m2а, или топлински товар max. 10 W/m2
-
Потребна енергија за ладење max. 15 kWh/m2а, или ладилен товар max. 10 W/m2
-
Резултат од тестот за воздухонепропустливост на 50 Pa не поголем од n50 = 0,6/h
-
Вкупно потребна примарна енергија max. 120 kWh/m2а
-
Најмногу до10% од времето во текот на годината, температурата во затворените простории може да биде над 25 степени (услов за спречување на прегревање во лето).
Зошто е добро да го сертифицирате вашиот објект?
ПРИДОБИВКИ ЗА СОПСТВЕНИКОТ
-
Птврда дека договорениот енергетски стандард е навистина постигнат.
-
Зголемување на вредноста нанедвижноса преку доказ за независна проверка на квалитетот.
-
Сертификатот за пасивна, како и пресметките добиени со софтвердкиот пакет PHPP се предност при додела на поволни кредити и грантови.
ПРИДОБИВКИ ЗА ДИЗАЈНЕРОТ И ГРАДИДЕЛОТ
-
Превенција на грешки преку темелна контрола на проектот и пресметките, пред да започне изградбата.
-
Превенција на грешки преку темелни мерења и контроли во текот и по завршувањето на изградбата.
Консултации и стручна помош
Нашата помош ќе ви значи многу. Даваме совети прилагодени за за секого, а поврзани со стандардите „пасивна куќа“ и „нискоенергетска зграда“, како на пример: соодветност на локацијата, ориентација на зградата, избор на материјали и систем за вентилација, помош за сертификација на објектот, итн. Нашата помош е особено добредојдена за проектантски и градежни компании кои знаат многу за ова прашање, но сепак не доволно за самостојно да ја спроведат целата постапка.

Градежни услуги
Преовладува мислењето дека изградбата на објекти што ги исполнуваат стандардите за „пасивна куќа“ е сложена и тешка, но тоа воопшто не е точно. Освен неколку специфични работи, конструкцијата и материјалите се вообичаени и скоро не се разликуваат од стандардната конструкција.

Можеме да помогнеме со следните услуги:


Воздухонепропусен слој
Нивото на запечатеност или тн. воздухо-непропустливост на обвивката е стандардно барање за подобрување на енергетските перформанси за сите видови згради. Веќе е добро познато дека правилното запечатување на зградите во голема мера влијае на потрушувачката на енергија за греење и ладење. Она што ја прави пасивната куќа поразлична од стандардната куќа е исклучително високото ниво на запечатување.
Ние нудиме изработка на херметичкиот слој или инструктажа на самото место за време на поставувањето, ако тоа го правите сами. Побарајте понуда.

Елиминирање на топлински мостови
Специјален третман и елиминирање на топлински мостови се уште еден специфичен услов во изградбата на згради високи нивои на енергетска ефикасност.
Ние нудиме вградување на елементи за елиминирање на топлинските мостови, или инструктажа за време на нивното вградување.
Монтажа на прозорци и врати
Правилното вградување на прозорците и вратите во зградите со висока енергетска ефикасност не се разликуваат од оние во стандардните згради. Разликата е во последиците врз количеството на потребна енергија, поради какви било дефекти при инсталацијата на прозорците. Енергетските загуби кај пасивните куќи и нискоенергетските згради се исклучително мали, или 7-10 пати помали отколку кај стандардните згради. Постоењето на топлински мостови околу прозорците, предизвикани од лошата монтажа, во голема мера ќе влијае на енергетските потреби на зградата. Ова може многу скапо да ве чини - да не ги исполните критериумите за сертификација, на крајот од изградбата.
Ние нудиме монтажа на прозорци и врати, или инструктажа на самото место додека самите го правите тоа.








