top of page
Anchor 2
Lokalisering av rörläckage _ Byggexpert i Alingsås AB

ЛОКАЛИЗАЦИЈА НА ПРОТЕКУВАЊЕ ОД ЦЕВКИ

Водата може да предизвика големи проблеми и оштетувања во зградите. Без разлика дали продира низ покривот, протекува во подрумот или некаде во зградата е оштетена цевка, секогаш е тешко да се најде точната локација на протекувањето и да се дијагностицира причината за проблемот. 

Понекогаш цевките од различни инсталации може да се оштетат во внатрешноста на ѕидовите, подовите или таваните. Ова се случува дури и во бетонските и цементните подови и во ѕидовите од тули. Без оглед на видот на конструкцијата на ѕидот или подот и употребените материјали, обично е тешко и се чини скоро невозможно да се лоцира точката на истекување без кршење на елемнтите.

Доколку се појави проблем предизвикан од истекување на течности или гасови од цевна инсталација, не брзајте да интервенирате пред да се воспостави точната дијагноза и пред да се лоцираа точката на истекување. Тоа би можело да ве чини премногу, а вашите напори може да бидат залудни. Јавете ни се и ќе ви помогнеме да се лоцира проблемот без никакви деструктивни зафати и така полесно и побрзо да ги решите проблемите.

Можеме да ја пронајдеме точната локација на оштетените цевки од водовод, канализација системите за греење и од разни гасни инсталации, дури и ако се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите или подовите. Во состојба сме да направиме разлика и да пронајдеме од која инсталација протекува (водовод или канализација).

Вака функционираме
  1. Вие резервирате термин за преглед;

  2. Ни ги давате потребните информации;

  3. Ние вршеме истрага и преглед;

  4. Ги анализираме резултатите;

  5. Ви го соопштуваме наодот;

  6. На Ваше барање пишуваме и испраќаме „Стручен Наод“, по електронски пат.

rörläckage lokalisering i Alingsås, Partile, Lerum
Стручниот Наод содржи
  • анализа

  • експертско мислење и доказна постапка

  • наод

  • препораки за санација на протекувањата

  • заверка со електронски потпис

Во можност сме да дијагностицираме голем број различни протекувања
burst-pipe_edited.jpg
Протекување од водоводна инсталација

Протекувањата од водоводната инсталација се многу честа појава во објектите. Понекогаш лоцирањето на точното место на протекување е тешко, па дури и невозможно, а проблемите и штетите кои ги предизвикува се големи. Во можност сме брзо и ефикасно, со помош на софицрицирана опрема, да го најеме точното место на протекување, без разлика дали инсталацијата е изведена од метални или пластечни цевки и без разлика дали е вградена во ѕидови и подови или е во инсталациони канали. Методата е недеструктивна.

Протекување од канализациона инсталација

Протекувањаата од канализационата инсталација претставуваат најчест проблем во објектите и нивното дијагностицирање и одредување на локацијата на протекување е извонредно тешка без соодветна опрема и инструменти. Иако водата во канализационата инсталација не е под притисок, ваквите протекувања по правило се причина за големи штети. Подедуваме опрема и знаење да ги лоцираме ваквите протекувања. Побарајте не.

pic-3-2_edited.jpg
Протекувања од системи за греење

Цевоводната инсталација кај системите за греење е чест извор на разни протекувања во објектите. Начинот на изведба на овие инсталации, како и високите притисоци во системот (кај централното греење), се причина за чести оштетувања во цевната инсталација и големи штети предизвикани одпротекувањето. Со соодветна опрема и процедури, без никакви деструктивни дејствија, можеме да го лоцираме местото на протекување и причината, без разлика дали е во ѕид, под или некое друго недостапно место.

Протекувања од инсталација за подно греење

Воопшто не е невообичаено да се појави протекување во подот од системите за подно греење базирани на течност, а наоѓањето на точката на истекување е клучно за нивно санирање. Можеме да го прегледаме целиот систем, но исто така можеме да ја најдеме точната локација на протекување во подовите. По ова, поправката ќе биде врза, лесна и ефикасна, а вашето греење ќе биде повторно функционално.

Gölvvärmeläckage lokalisering _ Byggexpert i Alingsås AB
Kylsystem läckagelokalisering _ Byggexpert i Alingsås AB
Протекување од инсталации за ладење

Инсталациите од системите за ладење исто така можат да бидат причина за протекувања, но уште почеста појава е да истекува гасот од системот. Преку соодветни процедури и систем на софистицирани термални камери, можеме да го одредиме точното место на оштетување на цевните водови, без разлика дали се работи за флуд или гас и без разлига дали се работи за разладната инсталација или за инсталацијата за собирање и одвод на конденз.

Протекувања од други цевни инсталации

Во можност сме да го одредиме точното место на протекување и причините за тоа од секоја цевна мрежа, без разлика дали низ неа протекува вода, некој друг флуид или гас. Без разлика дали системот е под притисок или не и без разлика дали цевките се вградени во ѕид или под, или пак се непристапни, ние тоа ќе го направиме брзо и ефикасно. Олуци, сончеви колекторски системи, разни резеровари, гасни водови и др., се само дел од системите во кои можеме да дијагностицираме оштетувања и протекувања.

wheel-2137043.jpg
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:

Времетраење на инспекцијата

Времетраење на инспекцијата

Времето потребно за извршување на истрагите за истекување зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од неколку часа за помал и поедноставен проблем, до еден или неколку дена за големи и посложени барања.

 

Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа 7 дена по завршување на истрагите.
 

Содржина на извештајот

Содржина на извештајот

При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:

  • Усно информирање на лице место

  • Краток писмен извештај

  • Стручен Наод со доказна постапка

Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, го означуваме местото каде е протекувањето и даваме препораки за отстранување на дефектот.

Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на дефектот. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.

 

Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по писмено барање на клиентите, како на пример за објекти од исклучителна важност, „чисти соби“, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена.
 

Достапност на услугата

Достапност на услугата 

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се дијагностицираат проблеми во: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цени од 4 400 денари

Цени од 4 400 денари

Anchor 3

Цените се базираат врз нашата цена за стандарден работен час.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.

За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и станбени згради побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

ЦЕНОВНА ЛИСТА

ДИЈАГНОСТИКА НА ПРОТЕКУВАЊЕ ОД ЦЕВНИ ИНСТАЛАЦИИ

Цените се однесуваат за едно протекување и за истрага на една локација

Опис

цена во денари

протекување од станска водоводна или канализациона цевка

4 400

протекување од стански инсталации за греење и ладење

4 400

протекување од олуци

4 700

протекување со соларни системи за топла вода

6 700

протекување на гас од инсталации

8 700

Доколку се прават истраги на повеќе од една локација во иста зграда, во ист термин и за ист клиент, првата истрага се наплаќа според ценовникот, а секоја следна со попуст од 30%.

Цените од ценовникот вклучуваат:

  • Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;

  • Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

  • Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19

  • Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.

Цените од ценовникот не вклучуваат:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

  • Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.

  • Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација

Обврски на клиентот:

Обврски на клиентот:

Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:

  • да обезбеди топла санитарна вода во водоводната инсталација на објектот​;

  • после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;

  • да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;

  • да овозможи безбеден пристап до водомер, топлинска потстаница и сл.;

  • 2,5 часа пред почетокот на инспекцијата да не се употребува топла вода во објектот;

  • други активности, во договор со инспекторот.

За време на инспекцијата:

  • да не се употребува санитарна вода;

  • да бидат исклучени сите потрошувачи на вода (машини за перење, кафемати и сл.);

  • да не се вклучуваат или исклучуваат уреди за греење или ладење;

  • да не се попречуваат инспекторите при вршењето на истрагите.

Неопходни документи / информации од клиентот

Неопходни документи / информации од клиентот

  • Опис на проблемот;

  • Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Информација за типот на системот за греење и ладење; 

  • Информации за системот за топла санитарна вода;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

 

Информациите / документите може да се достават:

  • по телефон на бројот (02) 3179 710

  • по електронска пошта на: byggexpert@telia.com

Кој ги врши инспекциите?

Кој ги врши инспекциите?

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

© 2020 by Byggexpert Macedonia
bottom of page