top of page
Anchor 2
rain-432770.jpg

ДЕТЕКЦИЈА НА ПРОТЕКУВАЊА

ОД АТМОСФЕРСКИ ВРНЕЖИ И ПОДЗЕМНИ ВОДИ

Вака функционираме
  1. Вие резервирате термин за преглед;

  2. Ни ги давате потребните информации;

  3. Ние вршеме истрага и преглед;

  4. Ги анализираме резултатите;

  5. Ви го соопштуваме наодот;

  6. На Ваше барање пишуваме и испраќаме „Стручен Наод“, по електронски пат.

Passivhus besiktning _ Byggexpert i Alin
Стручниот Наод содржи
  • анализа

  • експертско мислење и доказна постапка

  • наод

  • препораки за санација на протекувањата

  • заверка со електронски потпис

Во можност сме да дијагностицираме голем број различни протекувања
shutterstock_605452154.jpg
Протекување низ коси покриви

Косите кровови преставуваат комплексен систем од конструкција, различни материјали и заптивни елементи, заради што е многу тешко лоцирањето на точните места на продор на водата низ кровната завршна покривка. Без разлика какви сестеми и материјали се употребувани, со помош на софистицирана опрема и без никакви деструктивни зафати, можеме да го дијагностицираме проблемот, да го одредиме точното место на протекување и да препорачаме техничко решение за брзо и едноставно отстранување на проблемот. 

Протекување низ рамни покриви и проодни тераси

Големите дневни температурни разлики карактеристични за балканските простори, како и повремените обилни краткотрајни врнежи, наметнуваат потреба од специфичен приод при проектирањето, решавањето и изведбата на на рамните покриви и терасите во зградите. За жал, протекувањата низ овој тип на конструкции се многу чести и проследени се со големи  штети за корисиците. 

Лоцирањето на местото каде водата продира низ хидроизолацијата е единствениот начин за ефтино и брзо санирање на проблемот. Во спротивно, потребни се скапи и обемни градежни зафати на целата површина од кровот (терасата). Ние можеме да го лоцираме точното место на продор на водата и знаеме како тоа да го поправите со минимален трошок.

why-my-flat-roof-leaking (1).jpg
Typical-Sources-of-Basement-Foundation-L
Протекувања во подрумски простории

Ова е уште еден чест проблем во онјектите, кој неретко се занемарува или игнорира од корисниците во објектот. Влагата и спорите од мувлата од подрумските простории се шират низ целиот објект и сериозно го загрозуваат здравјето на луѓето, а посебно на децата. Ваквите протекувања неретко ја загрозуваат и стабилноста и трајноста на објектите, па од тука решавањето на овие проблеи е неопходно.

Ние сме во можност да ги детектираме причините и точното мрсто на продор на водата, после што поправките се релативно лесни, брзи и ефтини. Процедурите и опремата со која работиме не бараат никакви деструктивни зафати.

Протекувања низ прозорци и фасада

Протекувањето на вода низ фасадните системи, структирални стаклени фасади, панелни елементи, прозорци или фасадни ѕидови претставува еден од најкомплексните проблеми поврзани со протекувањата.

Процедурите кои ги работиме, за детекција и дијагностика на овој тип на протекувања, се во согласност со стандардот EN 13051: 2002. Ова е метод што ја контролира водонепропустливоста на ѕидовите, прозорците, фасадите и фасадните системи, со изложување на површините на услови кои се идентични со силнен ветер и обилен дожд. Може да се тестираат делови или цели фасади.

WT-16-1024x576_edited.jpg
1520041333331.jfif
Протекување низ дворни површини

Наизглед „смешен проблем“, но оние кои веќе се соочиле или се соочуваат со ова, знаат какви проблеми и последици тоа може да предизвика врз стабилноста на почвата, на околните објекти, базените, патиштатa, патекитe, урбаната опрема или врз подземните инсталации.

Покрај естетската димензија, дворната површина треба да обезбеди правилно собирање и одведување на површинските води од атмосферските врнежи, што во праксата е често  пати занемарено. Можеме да ги детектираме проблемите од овој тип и да предложиме ефикасен начин за санација.

Превентивни прегледи

Секој од горенаведените дијагностички методи за решавање на проблемите, може да биде искористен и за повремени превентивни прегледи, а ние тоа топло го препорачуваме. Правиме превентивни, тековни прегледи, со кои можеме да ги детектираме и најмалите влажнења кои се невидливи за човечкото око и на таков начин проблемите можат да се елиминираат пред да предизвикаат штети и проблеми.

screw-3743773_960_720.jpg
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:

Времетраење на инспекцијата

Времетраење на инспекцијата

Времето потребно за извршување на истрагите за протекување зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од неколку часа за помал и поедноставен проблем, до еден или неколку дена за големи и посложени барања.

 

Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа за 7 до 14 дена по завршување на истрагите.
 

Содржина на извештајот

Содржина на извештајот

При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:

  • Усно информирање на лице место

  • Краток писмен извештај

  • Стручен Наод со доказна постапка

Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, го означуваме местото каде е протекувањето и даваме препораки за отстранување на дефектот.

Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на дефектот. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.

 

Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по писмено барање на клиентите, како на пример за објекти од исклучителна важност, „чисти соби“, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена.
 

Достапност на услугата

Достапност на услугата 

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се дијагностицираат проблеми во: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цени од 6 900 денари

Цени од 6 900 денари

Anchor 3

Цените се базираат врз нашата цена за стандарден работен час.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.

За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и станбени згради побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

ЦЕНОВНА ЛИСТА

ДИЈАГНОСТИКА НА ПРОТЕКУВАЊЕ ОД АТМОСФЕРСКИ И ПОДЗЕМНИ ВОДИ

Цените се однесуваат за едно протекување и за истрага на една локација, за површини до 70м2

Опис

цена во денари

протекување низ коси кровови

6 900

протекување низ рамни кровови, проодни тераси и балкони

9 500

протекување низ фасади, врати и прозорци

10 000

протекување во подрумски простории

8 000

протекување низ дворни површини

побарајте понуда

Доколку се прават истраги на повеќе од една локација во иста зграда, во ист термин и за ист клиент, првата истрага се наплаќа според ценовникот, а секоја следна со попуст од 30%.

За површини поголеми од 150м2, како и за индустриски и објекти со големи димензии побарајте понуда.

Цените од ценовникот вклучуваат:

  • Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;

  • Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

  • Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19

  • Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.

Цените од ценовникот не вклучуваат:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

  • Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.

  • Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација

Обврски на клиентот

Обврски на клиентот

Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:

  • после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;

  • да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;

  • други активности, во договор со инспекторот.

За време на инспекцијата:

  • да не се вклучуваат или исклучуваат уреди за греење или ладење;

  • да не се разговара со инспекторите.

Неопходни документи / информации од клиентот

Неопходни документи / информации од клиентот

  • Опис на проблемот;

  • Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Информација за типот на системите за вентилација, греење и ладење; 

  • Информации за системот за топла санитарна вода;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

 

Информациите / документите може да се достават:

Кој ги врши инспекциите?

Кој ги врши инспекциите?

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

bottom of page