top of page
Anchor 2
fire-suppression-provider.jpg

ENCLOSURE INTEGRITY TEST

Понекогаш е многу важно одредени простории, делови или цели згради да бидат добро запечатени и потполно одделени од околината. Ова може да се должи на посебните барања за изолација од гасови, вируси, бактерии или мириси или поради специјални технички барања. Специфични примери со такви барања се во воената и фармацевтската индустрија, во болничките капацитети, во некои специфични индустрински гранки, а посебно во простории каде се употребуваат гасни системи за противпожарна заштита.

За такви области, проектите и прописите дефинираат ниво на запечатеност, а со овој тест се проверува дали градителите ги исполниле тие барање.

Ние сме                           сертифицирани.

thFLQE7CSZ.jpg
Anchor 1
Room_intergrity_test_fire_supressant-600
Што е тоа Enclosure Integrity Test ?

Enclosure Integrity Test или често именуван како Room Integrity Test, го проверува нивото на запечатенст на една или повеќе простори. Мерењето проверува дали просторијата е доволно затната за да го заржи гасот од системите за автоматско гаснење, најмалку 10 минути, во неопходната концентрација.

Тестот за интегритет се врши во согласност со стандардот EN 15004-1, кој се однесува за сите гасни противпожарни системи за заштита на простории (total flood).

Иако првичната  намена на овој тест е за проверка на ефикасноста на противпожарните системи, неговата примена е голема во болниците, фармацевстката индустрија, или поточно секаде каде што неопходна апсолутната изолација на една просторија. Типични такви примери се чисти соби, операциони сали, оддели за интензивна нега, засолништа, простории за мрежни сервери, простории со високотехнолошка опрема и сл.

Методот е недеструктивен и нема никакво влијание врз луѓето, животните или уредите.

Byggexpert  препорачува

Високотехнолочките и безбедносните барања не оставаат простор за импровизација. Затоа неопходно е да се направи овој тест при техничкиот прием на објекти во кои постојат посебни барања за интегритет на делови или цели објекти.

 

Покрај тоа, неопходно е и во текот на користењето на таквите простории, да се спроведува тест за интегритет на обвивката најмалку еднаш годишно, за да се осигура дека бараните услови се задоволени.

Доколку тестот не покаже задоволителни резултати, постојат две можности: дополнително запечатување на просторијата или редизајн и повторна пресметка на капацитетот на системите, со употреба на измерените вредности.

f70775_00a513bca927441a9683d3073a1c959b_
fantest2.jpg
Како се спроведува тестот за интегритет?

За да се спроведе тестот користиме:

  • Модуларни прилагодливи панели за рамката на врата или прозорец

  • Високо калибриран(и) вентилатор(и), со можност за подесување на брзина и снага

  • Калибриран(и) мерач(и) на проток, брзина и притисок.

  • Преносен компјутер

  • Програмски пакет (софтвер) за Enclosure Integrity

 

Системот се поставвува на достапна врата или прозорец и со помош на моќните вентилатори се подига притисокот во просторијата. Софтверот ги забележува отчитувањата за протокот на воздух низ вентилаторот. За да се провери точноста на тие мерења, тестот се повторува при намален притисок. Потоа отчитувањата се споредуваат. Времето на задржување на концентрацијата на гас се пресметува од отчитаните карактеристики на проток на воздух низ вентилаторот и од податоците за системите за затворање и противпожарна заштита.

По извршените тестови доставуваме извештај кој содржи:
  • излезни резултати од Retrotec Enclosure Integrity Software-от

  • ализа

  • стручно мислење

  • дијагноза

  • препораки за решавање на идентификуваните недоследности

bottom of page