top of page
Anchor 2
Termografering | Byggexpert i Alingsås AB

IR THERMOGRAPHY

(ИНФРАЦРВЕНА  ТЕРМОГРАФИЈА)

Што е инфрацрвена термографија?

Инфрацрвена термографија е постапка во која се собираат и анализираат инфрацрвените зрачења, со цел да се создадат топлински слики кои го покажуваат температурниот профил на некој предмет.

Значи, топлинската камера не ја регистрира температурата на еден предмет, туку неговото инфрацрвено зрачење, кое пак е во директна корелација со температурата на предметот. Преку низа автоматски пресметки, камерата ги претвора овие податоци во температурни фотографии. Сепак за точни заклучоци, на операторот му треба знаење како да ја подеси камерата, како да фотографира и како да ги разбере добиените топлински фотографии.

Сите објекти во природата, чија температура е поголема од апсолутната нула (апсолутна нула = приближно -273 °C), испуштаат инфрацрвени зраци. Човечкото око не е во состојба да го види инфрацрвеното зрачење и затоа се користи технологија за регистрирање на овие зраци, со што се доаѓа до многу корисни заклучоци.

Anchor 1
termografi bild av Byggexpert i Alingsås AB

Инфрацрвената термографија е наједноставниот, најевтиниот и најбрзиот метод за најразлични енергетски инспекции на еден објект. 

Но покрај тоа, сама за себе, или во комбинација со други методи, инфрацрвената термографија е и ефикасен метод за широк спектар на градежни дијагностики, откривање на проблеми, контрола на квалитетот, контрола на функционалноста и превентивна контрола за откривање на грешки и недостатоци во објектите пред последиците да станат големи.

ergegv.jpg

Ние сме           сертифицирани за работа со термална камера.

Byggexpert  препорачува

Препорачливо е да се изврши термографски преглед на секој објект пред конечен технички прием, пред истекот на гаранцијата, пред купување на имот, за време на тековното одржување и пред реновирање или доградување.

Постојат голем број на инспекции и решавања на проблеми што можеме да ги направиме со помош наа инфрацрвена камера, а подолу можете да прочитате повеќе за тоа.

edfgved1_edited.jpg
byggtermografi | Byggexpert i Alingsås A
Зошто Ви е потребна термографија?
  • За заштеда на енергија и намалување на трошоците;

  • За да се избегнат влага, мувла и гниењa во објектот;

  • За инспекција и детекција и решавање на голем број проблеми.

Оваa метода е ефтина и многу ефикасна, а ќе Ви даде информации за: евентуални оштетувања од скриени влага и мувла, недоволна топлинска изолација, топлински мостови, истекување на воздух, цевки што протекуваат, состојба на електрична инсталација, ефикасност на системот за греење, ниво на течност и гас во резервоарите, состојба на машини и многу повеќе.

Можеме да направиме најразлични прегледи со помош на термална камера

Термалната камера ни овозможува откривање на голем број скриени проблеми. Широк е спектарот на феномени кои се невидливи за човечкото око, а сериозно ја загрозуваат стабилноста на конструкцијата, како и здравјето на луѓето и животните. Инфрацрвената камера ги гледа проблемите во видно поле што човечкото око не може да го види.

Со термалната камера објектите можат брзо и опширно да се скенираат, што е главната причина зошто термографската анализа е исклучително ефикасен процес на проверка, дијагностицирање и решавање на голем број проблеми во зградите. Термографското истражување исто така овозможува ефикасно, безбедно и рентабилно планирање на поправки и реновирања, што доведува до поголема удобност и пониски трошоци за енергија.

Термографското снимање е примарно, брзо и ефикасно испитување на состојбата на имотот, инсталацијата и опремата. Термалната камера, понекогаш и во комбинација со други методи, ја користиме за да Ви ги овозможиме следните прегледи:​

и многу други инспекции.

Информации кои можеби ќе сакате да ги знаете пред да не ангажирате

Времето потребно за термографски преглед на самото место варира од неколку часа за помал и поедноставен преглед до еден или неколку дена за големи и посложени барања.

Стручниот Наод (извештајот), доколку е дел од задачата, се испраќа за 7 до 14 дена по завршување на истрагите.

При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:

  • Усно информирање на лице место

  • Краток писмен извештај

  • Стручен Наод со доказна постапка

Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, ги означуваме местата каде се проблемите и даваме препораки за нивно отстранување.

Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги, исклучиво по барање на клиентот. Извештајот содржи:

  • анализа на инфрацрвените форографии;

  • споредба со стандардите;

  • стручно мислење;

  • препораки за отстранување на идентификуваните недоследности.

 

Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по нивно писмено барање, како на пример за објекти од исклучителна важност, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, анализа на собраните материјали од извршените снимања, вклучена е и доказна постапка за донесените заклучоци. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена од завршувањето на истрагите.

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се скенираат: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цените се базираат врз цената на наш стандарден работен час.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.  Ценовниците се објавени во склоп на описот за секоја услуга, објавена на нашата веб страница.

​За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални или големи објекти, побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

Цените од ценовниците вклучуваат:

  • Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;

  • Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

  • Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19

  • Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.

​​

Цените од ценовникот не вклучуваат:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

  • Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.

  • Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

 

Информациите / документите може да се достават:

  • по телегон на бројот (02) 3179 710

  • по електронска пошта на: byggexpert@telia.com

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

bottom of page