ДЕТЕКЦИЈА НА СКРИЕНИ ПРОТЕКУВАЊА
Вака функционираме
-
Вие резервирате термин за преглед;
-
Ни ги давате потребните информации;
-
Ние вршеме истрага и преглед;
-
Ги анализираме резултатите;
-
Ви го соопштуваме наодот;
-
На Ваше барање пишуваме и испраќаме „Стручен Наод“, по електронски пат.
Стручниот Наод содржи
-
анализа
-
експертско мислење и доказна постапка
-
наод
-
препораки за санација на протекувањата
-
заверка со електронски потпис
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:
Времетраење на инспекцијата
Времетраење на инспекцијата
Времето потребно за извршување на истрагите за истекување зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од неколку часа за помал и поедноставен проблем, до еден или неколку дена за големи и посложени барања.
Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа 7 дена по завршување на истрагите.
Достапност на услугата
Достапност на услугата
Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.
Може да се дијагностицираат проблеми во: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.
Содржина на извештајот
Содржина на извештајот
При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:
-
Усно информирање на лице место
-
Краток писмен извештај
-
Стручен Наод со доказна постапка
Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, го означуваме местото каде е протекувањето и даваме препораки за отстранување на дефектот.
Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на дефектот. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.
Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по писмено барање на клиентите, како на пример за објекти од исклучителна важност, „чисти соби“, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена.
Цени од 9 500 денари
Цени од 9 500 денари
Цените се базираат врз нашата цена за стандарден работен час.
За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.
За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и станбени згради побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.
ЦЕНОВНА ЛИСТА
ДИЈАГНОСТИКА НА СКРИЕНИ ПРОТЕКУВАЊА
Цените се однесуваат за едно протекување и за истрага на една локација, за простори до 100м2
Опис
цена во денари
протекување во индивидуални куќи
9 500
протекување во станови
8 500
Доколку се прават истраги на повеќе од една локација во иста зграда, во ист термин и за ист клиент, првата истрага се наплаќа според ценовникот, а секоја следна со попуст од 30%.
Цените од ценовникот вклучуваат:
-
Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;
-
Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.
-
Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19
-
Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.
Цените од ценовникот не вклучуваат:
-
Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);
-
Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.
-
Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.
-
Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.
-
Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација
Обврски на клиентот:
Обврски на клиентот:
Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:
-
да обезбеди топла санитарна вода во водоводната инсталација на објектот;
-
после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;
-
да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;
-
да овозможи безбеден пристап до водомер, топлинска потстаница и сл.;
-
2,5 часа пред почетокот на инспекцијата да не се употребува топла вода во објектот;
-
други активности, во договор со инспекторот.
За време на инспекцијата:
-
да не се употребува санитарна вода;
-
да бидат исклучени сите потрошувачи на вода (машини за перење, кафемати и сл.);
-
да не се вклучуваат или исклучуваат уреди за греење или ладење;
-
да не се попречуваат инспекторите при вршењето на истрагите.
Неопходни документи / информации од клиентот
Неопходни документи / информации од клиентот
-
Опис на проблемот;
-
Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);
-
Адреса на објектот;
-
Вид и намена на објектот;
-
Информација за типот на системот за греење и ладење;
-
Информации за системот за топла санитарна вода;
-
Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;
-
Други информации во договор со инспекторот.
Информациите / документите може да се достават:
-
по телефон на бројот (02) 3179 710
Кој ги врши инспекциите?
Кој ги врши инспекциите?
Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати:
InterNACHI Certified Home Inspector | ITC Certified IR Thermographer | BBR Certified Mold and Moisture Inspector | Retrotec Certified Blower Door Tester | Retrotec Certified Air Leakage Inspector | Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester | Ahlborn Trained Datalogger Operator | AGI Trained Facade Integrity Tester | PHI Certified Passive House Designer