top of page
Anchor 3
Täthetsprovning | Byggexpert i Alingsås

BLOWER DOOR TEST  /  AIR LEAKAGE INSPECTION

Честа е заблудата дека зградата мора да „диши“. Нискоенергетските објекти и модерните градби се градат во согласност со основните принципи на енергетската ефикасност, а еден од нив е и соодветно запечатување (воздухонепропустливост).

Преку Blower Door Test-от ќе добиете одговор дали објектот ги исполнува пропишаните стандарди, а со Air Leakage инспекцијата ќе ги пронајдеме, означие и затвориме сите несакани отвори на обвивката.

Целокупните постапки, вклучувајќи ги опремата и извештаите, се регулирани во согласност со стандардот EN 13829

Активностите не се инвазивни, не ја нарушуваат стабилноста на конструкцијата и не влијаат врз луѓето, животните, мебелот или уредите, дури и за време на инспекциите.

Ние сме                           сертифицирани.

thFLQE7CSZ.jpg
Blower Door Test

Една од најважните задачи, за да се постигне висока енергетска ефикасност во зградите, е соодветно да се запечати обвивката. Нивото на запечатеност се изразува преку ƞ50 (ни педесет). Во зависност од намената на зградата и нивото на енергетска ефикасност, оваа вредност треба да биде помеѓу 0 и 4 ч-1 (измени за 1 час). Оваа вреност се користи како влезен податок за пресметка на вентилација, греење и ладење на зградите, така што неговата вистинска вредност треба да се провери на самото место. Овој метод всушност го мери ƞ50, а тоа ја претставува количината на истечен воздух од објектот при разлика на притисок од 50 Pa, при затворени прозорци и врати.

Air Leakage Inspection

Ова е постапка со која се лоцираат сите места и области низ кои продира воздухот кога се затворени вратите и прозорците. Лошо затнатите згради придонесуваат за непотребно трошење на енергија, непријатен провев, продор на загаден воздух, миризби, инвазиии од инсекти и штетници, па во некои случаи и за појава на мувла и влага. Лошата затнатост дури и помеѓу спратовите или помеѓу различни делови од зградата ги предизвикува истите проблеми, особено кај висококатниците и објектите со голем волумен. Сепак и премногу запечатените објекти, исто така предизвикуваат сериозни проблеми, особено за здравјето на луѓето и животните. Затоа, оваа постапка мора да се препушти на експертите.

Anchor 1
Energimätning och energibesiktning.jpg
Оваа инспекција Ви е неопходна доколку:
  • Чувствувате провев, иако сите прозорци и врати се затворени;

  • Тешко се загрева објектот;

  • Потрошувачка на енергија е голема;

  • Присуството на Радон е над дозволените граници;

  • Се појавуваат мувла и влага;

  • Надворешната бучавата продира во внатрешноста;

  • Продираат миризби и загаден воздух;

  • Замрзнуваат водоводни инсталации;

  • Системот за вентилација и климатизација е неефикасен или има чести дефекти.

Byggexpert препорачува

За новоградби, препорачуваме да се извршат најмалку два теста: контролен тест (во фаза на изградба) и завршен преглед (за сертификација).

При реновирање на постојни и стари згради, препорачуваме да се извршат најмалку три тестови под притисок и тоа: воведен тест (се добиваат податоци за пресметки), контролен тест (во изградба) завршен преглед (за сертификација).

Läckagesökning _ Byggexpert i Alingsås A
Täthetsprovning _ Byggexpert i Alingsås
Придобивки од спроведување на инспекциите
  • Измерена вредност на запечатеноста на зградата;

  • Нивото на запечатеност на објектот има огромно влијание врз заштедата на енергија и врз удобноста;

  • Лесен начин да се ослободите од непријатниот провев и од продирање на загаден воздух однадвор;

  • Спречување на продор на миризби и бактерии од соседни простории;

  • Избегнување на кондензација во конструкцијата и продолжување на животниот век на зградата;

  • Ефективен метод за спречување на влез на инсекти и штетници низ обвивката;

Kako rabotime
20180929_154551.jpg
Како работиме?

1

НАРАЧКА

Клиентот може да побара термин за инспекција онлајн, преку телефон или е-пошта. Откако ќе побарате термин, ќе Ви испратиме образец за потврда за нарачката во рок од 24 часа (ова ја вклучува цената и сите останати услови).

2

ПОТВРДА НА НАРАЧКАТА

Доколку сè Ви одговара, потпишете ја потврдата за нарачка, испратете ни ја во рок од 3 дена и ќе добиете потврда за термин по е-пошта. Ако не Ви одговара, не треба да правите ништо, бидејќи по третиот ден, Вашето барање ќе биде автоматски избришано.

3

ИНСПЕКЦИЈА

На денот на инспекцијата ќе работиме со најнова иновативна технологија, висока прецизност и без деструктивни активности.

4

РЕЗУЛТАТИ

Во рок од 7 дена по завршувањето на теренските инспекции, клиентот добива извештај што ги содржи резултатите од истрагата и предлог за интервенции.

5

ПЛАЌАЊЕ

Рокот за плаќање е 8 дена по завршување на работата.

Информации кои би сакале да ги знаете, пред да не ангажирате
Anchor 4

Времетраење на инспекцијата

Времетраење на инспекцијата

Времето потребно за спроведување на тестот варира од објект до објект. Времето потребно за теренски активности варира од неколку часа за помали и поедноставни мерења до еден или неколку дена за големи и посложени згради.

Извештајот го испраќаме 7 дена по инспецијата, во електронска форма.

Содржина на извештајот

Содржина на извештајот

Покрај условите за мерење и точноста на мерењето, се наведува и истекувањето на воздух во единици  l/m². За извештајот да биде посеопфатен, ја содржи и површината низ која се дистрибуира истекувањето, заедно со измерениот проток на истекување.

Означување на сите места низ кои истекува воздухот, стручното мислење и препораките за отстранување на идентификуваните недоследности се составен дел на извештајот.

Достапност на услугата

Достапност на услугата

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се тестираат: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цени од 29 500 ден.

Цени од 29 500 ден.

Цените се базираат врз површината на објектот.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.

За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални или големи објекти, побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

ЦЕНОВНА ЛИСТА

Blower Door Test  +  Air Leakage Inspection

Цените се базираат врз корисната површина и висина на просториите до 2,7 метри

Површина во м2

цена во денари

0 - 150

29 500

151 - 300

39 500

301 - 400

55 900

401 - 500

83 100

над 500

побарајте понуда

За недвижнини со висина на просториите поголема од 2,7 метри, побарајте понуда.

 

Побарајте понуда и за деловни и станбени згради.

Цената вклучува:

  • Инспекција, анализа и пишување извештај;

  • Опрема, инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

Во цената не е вклучено:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

Подготовки кои треба да се направат во објектот

Подготовки кои треба да се направат во објектот

Пред инспекциите, мора да се извршат одредени проверки:

  • сите врати и прозорци треба да се затворени;

  • системот за вентилација да биде исклучен, а единиците и/или каналите да бидат запечатени;

  • сите отвори од инсталации да бидат запечатени, како што се оџаци и одводи;

  • камините да се запечатени со лента или балони;

  • отворите за природна вентилација да бидат запечатени;

  • подните сифони да бидат запечатени (на пример, исполнети со вода);

  • сите отвори кон таванот запешатат со дихтунг ленти.

Неопходни документи / информации од клиентот

Неопходни документи / информации од клиентот

  • Скици, цртежи или проекти од објектот;

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Информација за типот на системот за греење и ладење; 

  • Информации за видот на системот за дистрибуција на топлина (канали, радијатори / елементи или подно греење);

  • Информации за тип на вентилација (доколку има);

  • Информации за системот за топла санитарна вода;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

Информациите / документите може да се достават:

  • по телегон на бројот (02) 3179 710

  • по електронска пошта на: byggexpert@telia.com
     

Кој ги врши инспекциите?

Кој ги врши инспекциите?

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

Byggexpert во акција

СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН

Boka
  • Огромни придобивки за ниска цена

    Read More
    Цени од 29 500 денар
© 2020 by Byggexpert Macedonia
bottom of page