top of page
Anchor 1
Blue Print

СТРУЧНА ПОМОШ - КОНСАЛТИНГ

Можноста да добиете добар совет или стручна помош е непроценлива за секого, во секоја област.

 

Живееме во период кога сите зборуваат за намалување на загадувањата, глобалното затоплување, енергетската ефикасност, самоодржливост, удобност, долготрајност на објектите и здраво опкружување, но сè уште постојат многу непознати и многу заблуди поврзани со овие теми. Ова се причините зошто објектите имаат многу пропусти и дефекти, трошоците за греење и одржување се високи, удобноста и здравствените услови во објектите не се на посакуваното ниво, а емисијата на стакленички гасови од користењето на објектите е се уште огромна.

Новите  материјали  и  иновативните  технологии  овозможуваат квалитетни градби, ниски 

трошоци за греење, здрави услови и голема удобност во зградите, како и зачувување на околината. Без разлика дали Вашиот објект е сè уште само идеја или е во фаза на изградба, без разлика дали е постоечка или стара зграда, без оглед која е намената, големината и од каков материјал е направен објектот, ние можеме да Ви помогнеме. 

Ги користиме најновите технологии, ги имаме сите можни знаења и имаме искуство со енергетските перформанси на зградата. Ние особено се грижиме да обезбедиме висока удобност, здрави услови во зградите и намалување на загадувањето на околината, бидејќи сето ова е крајната цел што е важна за секое човечко суштество. Зарем не?

Целото знаење, искуство и напредна технологија со кои располагаме, ги користиме во Ваша полза.

СОВЕТИ ЗА АРХИТЕКТИ
Архитекти

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

ЗА АРХИТЕКТИ

Енергетската ефикасност не значи само добра изолација. Дизајнот, формата, ориентацијата, засенчувањето, големината на застаклените површини, па дури и изборот на материјали се многу важни за да се постигне висока енергетска ефикасност во зградите, без зголемување на трошоците за изградба. Затоа, на архитектите често им е потребна помош од некој што може да им ги даде основните постулати за градежнаата физика и термодинамиката. Од тука натаму, талентот, вкусот и знаењето на архитектот се клучни за убавитната и функционалноста на објектот.

png-clipart-3d-computer-graphics-buildin
architecture-1857175.jpg

ДЕТАЛИ И

ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА

Изборот на вистински технички решенија и правилни детали се првиот чекор за елиминирање на можноста од појава на проблеми во објектите, во текот на нивното користење.

Нашето секојдневно работење со најновите технолошки достигнувања и знаењата кои ги поседуваме можат да Ви бидат од голема полза при проектирањето на хидро и топлински изолации,  мотажата на прозорци и сл., но и за инкорпорирање на различни материјали, технологии и системи во една целина.

ПОМОШ ЗА ГРАДИТЕЛИ
Градители
Hanging Building Construction

ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ПРАКСА

Градителите на градилиштата честопати се соочуваат со проблеми. Особено искусните градители можат да ги препознаат ризиците од топлински мостови, од истекување на воздух, вклучително кондензација и мувла. Помош во форма на совети или упатства на самото место за превенирање и решавање на овие проблеми ќе биде добредојдена за сите нив.

МОЖЕМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ СО:

  • Решенија за елиминирање на топлински мостови од бетонските плочи кај балкони

  • Детали и системи за монтажа на прозорци и врати, за избегнување на топлински мостови

  • Совети за постигнување на потребната воздухонепропусност на обвивката на објектот.

  • Решенија за елиминирање на топлински мостови кај челични конструкции

  • Други прашања поврзани со топлински мостови, енергетска ефикасност и удобност во објектите.

СОВЕТИ ДОБРОДОЈДЕНИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ И КУПУВАЧИ НА НЕДВИЖНИНИ
Инвеститори
compass-5261062.jpg

ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА

Локацијата, ориентацијата, опкружувањето, конфигурацијата на теренот, па дури и сенките кои паѓаат од околните објекти, возвишенија и флора имаат влијание врз удобноста во објектот, трошоците за греење и ладење, но и врз евентуалните проблеми со протекувања и појава на мувла, влага и кондензација.

Затоа е многу корисно да се направи анализа и проценка на ризици според локацијата и за тоа да бидете навремено информирани, пред да започнете со каква и да е инвестиција.

 

Побарајте не.

НИВО НА

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Инвеститорите и купувачите на недвижнини многу често се прашуваат кое е нивото на енергетска ефикасност кое ќе ги задоволи нивните очекувања, колку тоа би ги чинело и кој е периодот на економска исплатливост.

Но, енергетската ефикасност има директно влијание врз удобноста во објектот и влијанието врз здравјето на корисниците, па од се ова произлегува дега добар, втемелен и прецизен совет и тоа како е добредојден.

Ние можеме да помогнеме уште пред да ја направите инвестицијата, но секако и во текот на реализација на инвестицијата.

model-house-with-winter-clothes.jpg
Sustainable Energy

ИЗБОР НА НАЈСООДВЕТЕН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ЕНЕРГИЈА

Инвестирањето во системи кои ќе го користат сонцето, подземната вода, ветерот и други бесплатни извори на енергија е желба на секој инвеститор. Но дилемата дали и колку е исплатливо секогаш е присутна и немањето на чиста слика е најчеста причина за откажување од таквите желби.

А од друга страна, многу критериуми влијаат на тоа кој систем за греење и ладење е најисплатлив и како да се инкрпорира со бесплатните извори на енергија. Разбирајки ги овие дилеми кај инвеститорите, ние нудиме помош и совети на овие теми.

ИЗБОР И НАБАВКА НА МАТЕРИЈАЛИ И ТЕХНОЛОГИИ

Напредокот во технологијата, вклучително и градежната, секојдневно прави достапни нови, подобри, потрајни и поефикасни решенија.

Изборот на соодветни материјали и технологии е клучен за да го добиете најдоброто за Вашите пари. Токму затоа сакаме да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор, но и да Ви помогнеме да ги набавите доколку не се достапни  на македонскиот пазар.

Branding Materials
СОВЕТИ ЗА ЕКСПЕРТИ
Експерти
Team Meeting

ЗА ПОВИСОКА УДОБНОСТ, ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ И ПОНИСКИ ТРОШОЦИ

Секој експерт понекогаш има потреба од помош или само совет за специфични прашања. Ние можеме да им помогнеме на експертите од разни области, во врска со термодинамички анализи и енергетска ефикасност, со совети во следниве области:

  • Енергетски загуби и печалби во објектите

  • Влијание на засенчувањето врз енергетскиот биланс

  • Топлински мостови

  • Воздухонепропустливост

  • Анализа на мувла, влага и кондензација

  • „Феноменот на оџак“ во објектите

  • Системи за вентилација со рекуперација

  • Енергетска самоодржливост

  • Искористувањена бесплатни извори на енергија

© 2020 by Byggexpert Macedonia
bottom of page