ДЕТЕКЦИЈА НА ПРОТЕКУВАЊА ОД БАЗЕНИ
Вака функционираме
-
Вие резервирате термин за преглед;
-
Ни ги давате потребните информации;
-
Ние вршеме истрага и преглед;
-
Ги анализираме резултатите;
-
Ви го соопштуваме наодот;
-
На Ваше барање пишуваме и испраќаме „Стручен Наод“, по електронски пат.
Стручниот Наод содржи
-
анализа
-
експертско мислење и доказна постапка
-
наод
-
препораки за санација на протекувањата
-
заверка со електронски потпис
Во можност сме да дијагностицираме голем број различни протекувања
Протекување низ ѕидовите на базенот
Без разлика на материјалите од кои е изработена обвивката на базенот, резервоарот, фонтаната или јакузи-кадата и без разлика дали се наоѓаат во или над земја, единствен начин за затнување на местата низ кои истекува водата е нивно прецизно детектирање.
Во спротивно, постои опасност од интервенции на погрешни места или правење на беспотребно голрми трошоци за целосна изолација на ѕидовите.
Протекување од цевна инсталација
Цевните системи за довод и одвод на водата до машинските и пречистителните постројки се места каде најчесто се случуваат протекувањата и загубите на вода. Во најголем број на случаи овие инсталации се недостапни и вградени во бетон или закопани под земја, па нивнатаа проверка е исклучително тешка или скапа, доколку не се користи соодвета софистицирана опрема.
Протекувања од машинска постројка
Многу често, во машинските простории за базените или фонтаните лоциран е многу сложен систем на пумпи, пречистувачи, дозери, цевки, греачи и слично. Големиот број на опрема сместена во мал простор може да оневозможи пристап и визуелна контрола, па неопходно е да се направи контрола со помош на осетливи уреди и камери, за да се детектира местото на протекување.
Превентивни прегледи
Превентивните прегледи на хидроизолацијата и на херметичноста на цевните системи и машинските постројки се добредојдени за секој сопственик на базен, фонтана, јакузи-када или каков и да е поголем резервоар, бидејки на таков начин можат да се детектираат и најмалите проблеми во зачеток. Со тоа ќе се избегнат поголеми дефекти и подоцнежни скапи интервенции.
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:
Времетраење на инспекцијата
Времетраење на инспекцијата
Времето потребно за извршување на истрагите за протекување зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од еден работен ден за помал и поедноставен проблем, до една или неколку седмици за големи и посложени барања.
Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа за 7 до 14 дена по завршување на истрагите.
Содржина на извештајот
Содржина на извештајот
При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:
-
Усно информирање на лице место
-
Краток писмен извештај
-
Стручен Наод со доказна постапка
Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, ги означуваме местата каде се протекувањата и даваме препораки за отстранување на дефектите.
Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на дефектите. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.
Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по писмено барање на клиентите, како на пример за објекти од исклучителна важност, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена од завршувањето на истрагите.
Достапност на услугата
Достапност на услугата
Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.
Може да се дијагностицираат проблеми во: базени, фонтани, кади и други видови на отворени резервоари.
Цени од 4 500 денари
Цени од 4 500 денари
Цените се базираат врз зафатнината на вода во базенот (фонтаната).
За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.
За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и спортски објекти, побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.
ЦЕНОВНА ЛИСТА
ДИЈАГНОСТИКА НА ПРОТЕКУВАЊЕ ОД БАЗЕНИ
Цените се однесуваат за еден базен со зафатнина до 90м3
Опис
цена во денари
комплетна инспекција за протекување
40 000
инспекција за протекување низ ѕидови и под
21 000
инспекција за протекување од цевна инсталација
19 000
инспекција за протекување од машински постројки
4 500
Доколку се прават истраги на повеќе од еден базен на иста локација, во ист термин и за ист клиент, првата истрага се наплаќа според ценовникот, а секоја следна со попуст од 30%.
За зафатнини поголеми од 90м3, побарајте понуда.
Цените од ценовникот вклучуваат:
-
Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;
-
Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.
-
Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19
-
Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.
Цените од ценовникот не вклучуваат:
-
Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);
-
Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.
-
Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.
-
Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.
-
Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација
Обврски на клиентот
Обврски на клиентот
Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:
-
да го наполни и испразни базенот најмногу 5 дена пред инспекцијата;
-
после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;
-
Да ги отвори сите цевки од страната на базенот (да се демонтираат млазници, скимери и сл.)
-
да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;
-
да овозможи безбеден пристап до машинска просторија.;
-
други активности, во договор со инспекторот.
За време на инспекцијата:
-
Да обезбеди скали и друга потребна опрема за работа на инспекторите;
-
да се вклучуваат и исклучуваат машиските постројки, по барање на инспекторите;
-
да биде присутен претставник на клиентот, кој знае да ги оперира постројките и уредите.
Неопходни документи / информации од клиентот
Неопходни документи / информации од клиентот
-
Опис на проблемот;
-
Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);
-
Адреса на објектот;
-
Вид и намена на објектот;
-
Информација за типот на системот за греење на вода (доколку има);
-
Информации за системот за циекулација и пречистѕвање на вода;
-
Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;
-
Други информации во договор со инспекторот.
Информациите / документите може да се достават:
-
по телегон на бројот (02) 3179 710
Кој ги врши инспекциите?
Кој ги врши инспекциите?
Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати:
InterNACHI Certified Home Inspector | ITC Certified IR Thermographer | BBR Certified Mold and Moisture Inspector | Retrotec Certified Blower Door Tester | Retrotec Certified Air Leakage Inspector | Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester | Ahlborn Trained Datalogger Operator | AGI Trained Facade Integrity Tester | PHI Certified Passive House Designer