top of page
Anchor 2
Images-Product-Image-2000x1500_master.jp

БРЗИ ПРЕГЛЕДИ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Термалната камера (инфрацрвена камера), со својата можност „да го гледа невидливото“ овозможува да се вршат брзи прегледи и контроли во најразлични сегменти од градежништвото. На тој начин има незаменлива улога во одржувањето на објектите, во превентивните контроли на елементи, инсталации и опрема, но и во собирање на многу корисни информации.

Во можност сме да извршиме голем број најразлични инспекции со помош на термална камера.

Golvvärme termografi undersokning
Värmelementets termografi
Контрола на системи за греење

Без разлика дали се работи за систем што користи струја, течност или гас, можеме да го прегледаме целиот систем, вклучително и грејните елементи. Така наједноставно ќе се дијагностицираат затнувања, прекини, намалена ефикасност или други проблеми во системот. По ова, доколку се открие некој проблем, отстранувањето е едноставно и брзо.

Јавете ни се и ние ќе Ви помогнеме во контролата, превенцијата, дијагностицирање и решавање на проблемите.

Системи загреење
Мерење на ниво на течности, гасови и талози во резервоари, канали или цевки

Една од најголемите предности на инфрацрвените камери е нивната способност да „гледаат“ низ sидовите на резервоарите, каналите и цевките. Ова овозможува да се измери нивото на течност или гас во нив, што во некои случаи е многу важна информација. 

Со овој метод можеме да провериме дали постои и колкава е количината на талог или наслаги во резервоарите и инсталациите, па така навремено може да се исчистат.

Termografi vätskenivå _ Alingsås _ Bygge
Ниво
ir termografi _ Alingsås _ Byggexpert i
Брза инспекција на машински постројки

Неочекувани дефекти и скапите поправки, можат да се спречат со минимални трошоци.

Инфрацрвената термографија овозможува превентивни прегледи на разни машини во згради, како што се пумпи, лифтови, итн. Со оваа инспекција се откриваат и минимални прегревања во машините, што е знак за потенцијален проблем. На овој начин е можно рано откривање на проблемот.

Машини
Превентивен преглед на електрична инсталација

Термографското снимање може да обезбеди брз и основен преглед на состојбата на електричните инсталации, вклучувајќи ги главните ормани, приклучоци, прекинувачи и сите продолжни кабли што ги поседувате.

На овој начин, рано се откриваат преоптоварувањата во инсталацијата, може да се пронајдат невидливите оштетувања на каблите и да се откријат неисправни приклучоци или прекинувачи. Значи, наместо неочекувани дефекти и скапи поправки, проблемите може да се спречат со минимален трошок.

Termografering av elinstalationer i Alingsås
800wm.jfif
index.jfif
Стуја
Termografi undersokning _ Alingsås _ Byg
Инспекции во индустријата

Инфрацрвената термографија наоѓа многу голема примена во најразлични  индустрии, во превентивните одржувања, тековните контроли и во процесите на производство.

Подготвени сме да излезем во пресрет на секоја Ваша потреба, со која ќе Ви помогнеме во реализирањето на целите.

Индустрија
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:
За нас

Времетраење на инспекцијата

Времетраење на инспекцијата

Времето потребно за извршување на истрагите за истекување зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од неколку часа за помал и поедноставен проблем, до еден или неколку дена за големи и посложени барања.

 

Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа за 7 до 14 дена по завршување на истрагите.
 

Содржина на извештајот

Содржина на извештајот

При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:

  • Усно информирање на лице место

  • Краток писмен извештај

  • Стручен Наод со доказна постапка

Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, го означуваме местото каде е протекувањето и даваме препораки за отстранување на дефектот.

Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на дефектот. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.

 

Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по писмено барање на клиентите, како на пример за објекти од исклучителна важност, „чисти соби“, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена.
 

Достапност на услугата

Достапност на услугата 

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се вршат снимања во: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цени од 3 100 денари

Цени од 3 100 денари

Ceni

Цените се базираат врз нашата цена за стандарден работен час.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.

За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални и станбени згради побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

ЦЕНОВНА ЛИСТА

КОНТРОЛИ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Цените се однесуваат за 5 термални фотографии и за површини до 80м2

Опис

цена во денари

Контрола на системи за греење

3 500

Мерење на ниво на течности, гасови и талози во резервоари, канали или цевки

3 400

Брза инспекција на машински постројки

3 100

Превентивен преглед на електрична инсталација

4 400

Инспекции во индустријата

побарајте понуда

Доколку се прават истраги заобјекти поголеми од 80м2, во ист термин и за ист клиент, за секој дополнителен м2 се наплака по 50 денари.

За секоја следна термална фотографија се наплаѓаат дополнителни 900 денари.

За објекри со површина поголема од 150м2, побарајте понуда.

Цените од ценовникот вклучуваат:

  • Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;

  • Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

  • Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19

  • Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.

Цените од ценовникот не вклучуваат:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

  • Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.

  • Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација

Обврски на клиентот:

Обврски на клиентот:

Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:

  • да обезбеди топла санитарна вода во водоводната инсталација на објектот​;

  • после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;

  • да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;

  • да овозможи безбеден пристап до водомер, топлинска потстаница и сл.;

  • 2,5 часа пред почетокот на инспекцијата да не се употребува топла вода во објектот;

  • други активности, во договор со инспекторот.

За време на инспекцијата:

  • да не се употребува санитарна вода;

  • да бидат исклучени сите потрошувачи на вода (машини за перење, кафемати и сл.);

  • да не се вклучуваат или исклучуваат уреди за греење или ладење;

  • да не се попречуваат инспекторите при вршењето на истрагите.

Неопходни документи / информации од клиентот

Неопходни документи / информации од клиентот

  • Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Информација за типот на системот за греење и ладење; 

  • Информации за системот за топла санитарна вода;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

 

Информациите / документите може да се достават:

  • по телефон на бројот (02) 3179 710

  • по електронска пошта на: byggexpert@telia.com

Кој ги врши инспекциите?

Кој ги врши инспекциите?

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

bottom of page