top of page
Anchor 2
Mögel _ Problemlösning _ Byggexpert i Al

МУВЛА, ВЛАГА И КОНДЕНЗАЦИЈА

Вака функционираме
  1. Вие резервирате термин за преглед;

  2. Ни ги давате потребните информации;

  3. Ние вршеме истрага и преглед;

  4. Ги анализираме резултатите;

  5. Ви го соопштуваме наодот;

  6. На Ваше барање пишуваме и испраќаме „Стручен Наод“, по електронски пат.

esempio-muffa-06.jpg
Стручниот Наод содржи
  • анализа

  • експертско мислење и доказна постапка

  • наод

  • препораки за елиминирање на проблемите

  • заверка со електронски потпис

Во можност сме да дијагностицираме голем број различни проблеми
Problemlösning _ Alingsås _ Byggexpert i
Мувла

Голем дел од луѓето воопшто и не знаат колку мувлата е штетна за здравјето на луѓето, а посебно за децата. Разни производители на хемиски средства, ќе ве убедуваат дека со уништувањето на мувлата сте го решиле проблемот, што не е точно. На таков начин се отстрануваат само видливите последици од проблемот, а не проблемот.

За мувлата да биде гостин во Вашиот објект потребни и се два предуслови: одговарачка комбинација на влажност/температура и храна.

 

Причини за постигнување на вакви услови можат да бидат: недоволна топлинска изолација, топлински мостови, лошо дихтување на прозорците или микро и макро пукнатини во ѕидовите и кровот, но истиот проблем може да се појави и доколку зградата е премногу затната. Тоа не е сè, има многу повеќе можности, па решавањето на овој проблем е една од најкомплексните задачи. Јавете ни се да ја дијагностицираме вистинската причина и да Ви го препорачаме вистинското решение.

Влага и кондензација

Всушност, мувлата е само претходница на кондензацијата, или за еден степен поблаго изразена последица од кондензацијата и влагата. Причините и проблемите кои стојат зад овие три појави се потполно исти, па се што важеше за мувлата важи и тука.

Кондензацијата најчесто предизвикува влажни флеки на ѕидовите и плафоните, или се на прозорците. Но не ретко кондензацијата може да биде во толку голем обем, што дури и најискусните инженери ја мешаат со протекување од надвор, низ крововите, терасите, прозорците или во подрумите. Ние можеме да ја согледаме разликата и да го дијагностицираме точно проблемот. Не трошете пари на поправки пред да провериме.

IMG_0024_edited.jpg
mold-removal_edited.jpg
Скриени мувла и влага

Во огромен број на случаи, мувлата и влагата се појавуваат позади плакари или друг мебел, но и под подовите, внатре во ѕидовите или во кровната конструкција. Вака скриената влага или мувла правар огромни штети врз стабилноста на градежните елементи, па дури и општата стабилност на зградата, но уште полошо е тоа што подмолно и без знаење на корисниците го уништуваат нивното здравје.

Ова се доволни причини, секој корисник да направи контрола на просторот во кој живее или работи и да биде сигурен дека не постојат вакви скриени појави. Побарајте не и ќе го направиме тоа за Вас.

Превентивен преглед

Оценката на ризикот од можност за појава на мувла или кондензација е единствениот правилен пристап за избегнување на проблемите кои овие феномени ги предизвикуваат врз трајноста на објектот и врз здравјето на корисниците.

Препорачливо е вакви прегледи да се прават пред вселување во купена недвижност, пред реновирање или доградба, при технички прием на објектите, но и барем еднаш на пет години во текот на користењето.

IMG_0024_edited.jpg
Информации што можеби ќе сакате да ги знаете пред да нè ангажирате:

Времетраење на инспекцијата

Времетраење на инспекцијата

Времето потребно за извршување на истрагите за мувла, влага и кондензација зависи од објектот, проблемот и обемот за работа. Времето потребно за теренски преглед варира од неколку часа за помал и поедноставен проблем, до еден или неколку денови за големи и посложени барања.

 

Стручниот Наод (извештајот), доколку се побара, се испраќа за 7 до 14 дена по завршување на истрагите.
 

Содржина на извештајот

Содржина на извештајот

При нашето работење разликуваме три вида на извештаи:

  • Усно информирање на лице место

  • Краток писмен извештај

  • Стручен Наод со доказна постапка

Веднаш по завршената истражна постапка на лице место, на клиентот му ги соопштуваме резултатите, му ја објаснуваме постапката, ги означуваме местата каде се проблемите и даваме препораки за нивно отстранување.

Краткиот писмен извештај го пишуваме и испраќаме во рок од 7 дена по завршените теренски истраги и во него е опишан процесот на дијагностика, користената опрема, наведена е дијагнозата и напишани се препораки за отстранување на проблемите. Овој извештај се работи исклучиво по барање на клиентот.

 

Стручниот Наод со доказна постапка е прилагоден за специјални барања на клиентите и се работи по нивно писмено барање, како на пример за објекти од исклучителна важност, за потреби на судски вештачења и слично. Во овој извештај, покрај условите за работа, описот на методологијата на работа и користената опрема, вклучена е и анализа на собраните материјали од извршените истраги, како што се термографски снимки, податоци од даталогери со измерени вредности на влажности, температури, ендоскопски снимки и видеа и сл. Дел од извештајот се сите лиценци и сертификати од одговорните лица и од користената опрема. Рокот за изработка на ваков извештај зависи од барањата на клиентот, но не е пократок од 14 дена од завршувањето на истрагите.
 

Достапност на услугата

Достапност на услугата 

Услугата е достапна на територијата на Република Македонија.

 

Може да се дијагностицираат проблеми во: куќи, станови, канцеларии, локали, магацини, деловни центри и цели згради, без разлика на нивната старост и матерјали од кои се изградени.

Цени од 4 200 денари

Цени од 4 200 денари

Anchor 3

Цените се базираат врз цената на наш стандарден работен час.

За некои услуги, кои клиентите најчесто ги бараат од нас, подготвивме ценовник со фиксни цени.

За се она што не е опфатено во ценовникот, како и за барања кои се однесуваат на комерцијални или големи објекти, побарајте понуда. Ние секогаш испраќаме бесплатна понуда за секое специфично барање.

ЦЕНОВНА ЛИСТА

ИНСПЕКЦИЈА ЗА МУВЛА, ВЛАГА И КОНДЕНЗАЦИЈА

Цените се однесуваат за простор со подна површина до 60м2

Опис

цена во денари

инспекција за појавена мувла, влага и кондензација

4 200

инспекција за скриени мувла и влага

13 800

превентивна контрола

10 900

Доколку се прават истраги заобјекти поголеми од 60м2, во ист термин и за ист клиент, за секој дополнителен м2 се наплака по 50 денари.

За објекри со површина поголема од 200м2, побарајте понуда.

Цените од ценовникот вклучуваат:

  • Истрага, анализа и усно информирање за нодите на лице место;

  • Користење на опрема, мерни инструменти и софтвер потребни за извршување на услугата.

  • Заштитна работна опрема и заштитна опрема согласно протоколите на СЗО и МЗ за Ковид-19

  • Времето за пат и транспортот на опремата до локацијата каде се врши инспекцијата, на територијата на град Скопје.

Цените од ценовникот не вклучуваат:

  • Времето за пат до локации надвор од град Скопје (се наплаќа стандардна цена за работен час);

  • Транспорт на луѓе, опрема и инструменти, за локации надвор од град Скопје. Наплаќаме дополнително по 20 ден./км.

  • Поставување и користење на скелиња, скали и слични помошни средства за потребите на инспекцијата.

  • Краток писмен извештај. Наплаќаме дополнително по 1 000 ден./локација.

  • Стручен Наод со доказна постапка. Наплаќаме дополнително 12 500 ден./локација

Обврски на клиентот

Обврски на клиентот

Пред започнување на инспекцијата, клиентот треба:

  • да обезбеди топла санитарна вода во водоводната инсталација на објектот​;

  • после закажувањето на инспекцијата да не прави никакви интервенции во врска со проблемот;

  • да овозможи безбеден пристап до сите места на кои ќе се одвива инспекцијата;

  • да овозможи безбеден пристап до водомер, топлинска потстаница и сл.;

  • 2,5 часа пред почетокот на инспекцијата да не се употребува топла вода во објектот;

  • други активности, во договор со инспекторот

За време на инспекцијата:

  • Да обезбеди скали и друга потребна опрема за работа на инспекторите;

  • да се вклучуваат и исклучуваат машиските постројки, по барање на инспекторите;

  • да биде присутен претставник на клиентот, кој знае да ги оперира постројките и уредите.

Неопходни документи / информации од клиентот

Неопходни документи / информации од клиентот

  • Опис на проблемот;

  • Скици, цртежи и проекти (само по барање на инспекторот, за посложени проблеми);

  • Адреса на објектот;

  • Вид и намена на објектот;

  • Информација за типот на системот за греење и ладење; 

  • Информации за системот за топла санитарна вода;

  • Име, презиме, адреса, електронска адреса и телефон на нарачателот на услугата;

  • Други информации во договор со инспекторот.

 

Информациите / документите може да се достават:

  • по телегон на бројот (02) 3179 710

  • по електронска пошта на: byggexpert@telia.com

Кој ги врши инспекциите?

Кој ги врши инспекциите?

Инспекциите ги вршат високоостручени и искусни инспектори, кои ги поседуваат следните сертификати: 

InterNACHI Certified Home Inspector  |  ITC Certified IR Thermographer  |  BBR Certified Mold and Moisture Inspector  |  Retrotec Certified Blower Door Tester  |  Retrotec Certified Air Leakage Inspector  |  Retrotec Certified Enclosure Integrity Tester  |  Ahlborn Trained Datalogger Operator  |  AGI Trained Facade Integrity Tester  |  PHI Certified Passive House Designer

bottom of page